1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Италија загрижена по судирите меѓу навивачите и полицијата

Серија инциденти во Италија меѓу полицијата и фудбалски навивачи откако полицаец вчера застрела фан на тимот Лацио. Властите предупредуваат дека насилството не е соодветен одговор на една трагедија.

default

Запалени полициски возила во Рим

Во немирите во Италија се повредени најмалку шест полицајци, откако над двесете фудбалски фанови синоќа нападнаа полициска касарна во Рим, во знак на одмазда за загинувањето на нивниот навивач. Фановите напаѓале со камења и палки. Неколку автомобили завршија со скршени стакла, а дел беа и запалени.

Нередите во Рим следеа откако еден полицаец уби навивач на тимот Лацио, што предизвика серија инциденти на стадионите низ земјата. Два натпревари беа одложени,а еден прекинат. Фудбалски фанови се судриле со полицијата во најмалку четири града. Околу стадионот Олимпико во Рим, навивачите кои останале на трибините и по откажувањето на натпреварот Рома – Каљари се судриле со полицијата. Тие фрлале факели и превртувале контејнери со ѓубре, поради што полицајците таму морале да употребат солзавец. Двајца најекстремни навивачи се уапсени, соопшти полицијата. Во друг дел на Рим, еден навивач го нападнал фоторепортерот на агенцијата „Анса“ кој сликал како се собираат навивачи на „Лацио“.

Поради насилство на стадионите, во Милано беше откажан натпреварот меѓу Лацио и Милан, а не се одржа ни натпреварот во Бергамо.

Проди: насилството е загрижувачко

Italien Regierungskrise Romano Prodi

Проди побара целосна истрага

Премиерот Романо Проди изјави дека “насилството е загрижувачко“ и побара целосно расветлување на случајот.

Префектот на Милано, Џанкарло Ломбарди изрази жалење поради смртта на навивачот на Лацио, но и за насилствата на стадионите и надвор од нив.

„Ова е грда реакција на трагедијата. Тоа се епизоди кои не може да се оправдаат. На таков настан не се одговара со вандализам. Таквите работи никогаш немаат врска со спортот“, изјави Ломбарди и предупреди дека поради вакви работи постои опасност да исчезне фудбалот како спорт.

Прична за серијата инциденти е тепачка меѓу навивачи на Лацио и Јувентус на одморалиште на автопат каде полицијата дошла да интервенира. Двасет и седум горишниот диск џокеј од Рим, Габриеле Сандри, кој не учествувал во тепачката туку седел во паркирано возило, настрадал од заскитан куршум откако еден полицаец два пати пукнал во воздух во знак на предупредување. Полицијата зборува за „трагична грешка “ и најави целосна истрага на случајот.