1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Италија е шокирана

Аферата со манипулации на натпревари во корист на италијанскиот фудбалски клуб Јувентус се порширува до рамки на еден од најголемите скандали во историјата на италијанскиот фудбал. Имено менаџерот на Јуве, Лучано Моџи според претпоставки на јавното обвинителство во Наполи, минатата сезона манипулирал 29 од 38 натпревари во корист на првакот на Италија со помош на судии, играчи и функционери.

Логото на Јувентус

Логото на Јувентус

Италија е шокирана. Во скандалот со поткуп на судии постојано на виделина излегуваат нови детали. Имено изминатата сезона биле манипулирани голем број натпревари – во корист на првакот на Италија Јувентус од Торино. Претседателството на клубот веќе поднесе оставка. Централна личност во скандалот е менаџерот на Јувентус, Лучано Моџи, кој наводно влијаел врз исходот на 29 од 38 натпревари во првата италијанска лига.

Во меѓувреме скандалот се прошитува. Во петокот во визирот на полицијата беа централата на италијанскиот национален фудбалски сојуз и здружението на судии. Во рацијата полицијата конфискувала голем број документи кои би можеле да послужат како доказен материјал против менаџерот на Јувентус, Моџи.

Четири недели пред почетокот на Светското фудбалско првенство во Германија, постои сомневање за вмешаност во корупцискиот скандал и на националниот тренер на Италија Марчело Липи. Наводно тој именувал играчи во репрезентацијата, за да се покачи нивниот рејтинг. Под сомнение е уште еден учесник на Светското првенство: судијата Масимо де Сантис. Имиџот на Италија кратко пред Светското првенство е нарушен смета шефот на организациониот комитет Франц Бекенбауер „Италијанците секогаш ги земав в предвид, но се разбира сега би можело да се случи репрезентацијата да падне подолу. Се надевам нема да се случи, но сега мора да причекаме и да видиме што ќе донесе истрагата.“

Во визирот на истрагата во Италија, покрај фудбалскиот клуб Јувентус Торино се наоѓаат и клубовите, Лацио Рим, Фиренца и Милан.