1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Италија ги пушти туниските бегалци низ Европа

Италија им одобри времена виза на илјадници бегалци од Тунис, со која можат да патуваат во сите земји на Шенген-зоната, времен престој со „хуманитарна“ цел, рече министерот за внатрешни работи Роберто Марони во Рим.

default

Слободно низ Шенген-зоната-туниски бегалци во Италија

„Повеќето доселеници сакаат да ги посетат своите пријатели и роднини во Франција или во другите европски земји“, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи Роберто Марони при претставувањето на договорот со Тунис за решавање на проблемот со бегалците, пред парламентот во Рим. Одобрувањето за престој важи само за бегалците кои на италијанско копно стигнале пред вторник оваа недела. Премиерот Силвио Берлускони во меѓувреме го потпиша соодветниот декрет.

Italien Lampedusa Flüchtlinge Libyen Tunesien

Лампедуза е првата станица за илјадници бегалци од Тунис

По падот на тунискиот претседател Зине ел Абедин Бен Али на средината на јунуари, според италијанскиот министер за внатрешни работи повеќе од 25.000 бегалци од северна Африка пребегаа во Италија, повеќето од нив се од Тунис. Илјадници Тунижани од малиот остров Лампедуза во меѓувреме се пренесени во други градови на Италија. Официјален Рим повторно соопшти дека од другите европски држави е препуштен сам на себе по однос на прашањето со бегалците. Рим и Тунис во вторникот постигнаа договор, кој го регулира враќањето на илјадници туниски бегалци во нивната татковина.

Schiffbruch eines Flüchtlingsboots vor Lampedusa

Франција меѓутоа реагираше дека нема да толерира „бран туниски доселеници“ од Италија, изјави министерот за внатрешни работи Клод Геант за агенцијата афп. Одобрувањата за престој, кои ги издаде Италија не се доволни за влез во Франција, освен ова потребни се лични документи и доволни финансиски средства. Италијанскиот министер реагираше дека слободата на движење е гарантирана во Шенген зоната со правила, тие мораат да се почитуваат.

Автор: АТ/ЖА/афп

Редактор: Жана Ацеска