1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Италија ги оплакува 38-те загинати во автобуската несреќа

Италијанскиот премиер им се придружи на илјадниците граѓани кои присуствуваа на погребот за жртвите од автобуската несреќа што се случи во неделата (28.07.), во која загинаа 38 луѓе.

Знамињата се на половина копје и продавниците денеска (30.07.2013) се затворени поради Ден на жалост, додека инспекторите истражуваат зошто автобусот паднал од вијадуктот близу Неапол за време на викендот. Премиерот Енрико Лета им се придружи на ужалените роднини на масовниот погреб во Поцуоли, јужен италијански индустриски град од каде што доаѓаат повеќето жртви.

Опкружени со спасувачите и илјадници ожалостени, роднините на жртвите се собраа околу сандаците обвиткани со цвеќиња поставени во спортска сала. Лета зборуваше за „големата трагедија“ за Италија и претседателот Џорџо Наполитано повика на „поголема ангажираност“ за да се гарантира сигурноста на патиштата во земјата.

Автобусот со 48 луѓе, меѓу кои и возачот, удри во неколку автомобили откако не успеа да закочи на кривината, кршејќи ја оградата на патот и паѓајќи надолу 30 метри. Некои сведоци, цитирани во италијанските медиуми, велат дека автобусот ја накачувал брзината и „губел делови“ еден километар пред ударот. Сите десет преживеани се во болница, некои од нив со сериозни повреди, а докторите пружиле помош и на уште девет лица од останатите возила на патот.

„Огромна трагедија“

Автобусот се симнувал од планината во познатата зона на несреќи откако патниците се враќале од аџилак од Пјетрелчина во регионот Кампана, родното место на отецот Пио, италијански отец канонизиран во 2002 и обожуван во јужниот дел од земјата. Додека спасувачите го отстрануваа уништениот автобус од шумската област надвор од автопатот, предметите на патниците испрскани со крв - вклучувајќи чевли, книги и искината играчка мече - останаа расфрлани по земјата.

Busunglück in in Süditalien

Со 48 луѓе во него, автобусот откако не успеа да закочи на кривината падна надолу 30 метри

Во понеделникот имаше уште една ужасна глетка кога стотици роднини на жртвите поминаа мачни часови иденитификувајќи ги телата близу местото на несреќата пред лицата од итната помош да ги однесат сандаците. Медицинските лица ги повикуваа по име од список членовите од секоја фамилија, а роднините ставаа бели маски на нивните лица за да влезат во импровизираната мртовечница. Липајќи, роднините се држеа цврсто за сандаците или се онесвестуваа во рацете на работниците од Црвениот крст.

Росарио Кантелмо, јавниот обвинител кој ја надгледуваше истрагата, изјави дека надлежните имаат неколку лица под истрага, но тој не излезе со детали за кои и колку лица станува збор. Властите наредија обдукција на телото на возачот. Инспекторите исто така ги истражувале и остатоците од автобусот за докази за можна механичка грешка, како и заштитната ограда која автобусот ја искрши кога падна.

„Ќе направиме се` што можеме и ќе се погрижиме секој да го стигне правдата“, изјави Кантелмо.