1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Италија-Втор светски шампион во фудбал

Домаќинот победи на првиот Мундијал одржан во Европа во 1934 година. Прво учество на Германија на фудбалските шампионати

Мусолони беше презадоволен од успехот на Италија на Светското првенство

Мусолони беше презадоволен од успехот на Италија на Светското првенство

Година 1934. националсоцијалистите се само една година на власт во германија. Почина претседателот на германскиот Рајх, Паул фон Хинденбург. Извонреден успех во кината , постигнува оперетатат „ Ди лустиге витве“ или „Весела вдовица“ на Ернс Лубич. Популарен во тоа време беше музичарот Паул Дорн , кој пееше:

„ За германската репрезентација , сонцето ќе огрее во Италија“

По откажувањето од првото светско фудбалско првенство во 1930-та година , Германците за првпат се појавуваат на еден голем меѓународен турнир, на кој учествуваат вкупно 16 екипи.

Светскиот првак од 1930 година , Уругвај, го откажува учеството . Латиноамериканците беа лути , затоа што некои од најдобрите европски репрезентации пред четири години одбија да патуваат во Монтевидео. Уште пред почетокот на првенството , Германците ги стекнуваат првите искуства со нацистичкиот режим- особено со раководителот на спортскиот погон , Чамер фон Остен. Тогашниот голман Ханс Јакоб, кој почина во 1994-та , на 85 години, раскажуваше за очекувањата на нацистите:

„ Репрезентацијата мораше да пее победнички нацистички песни. Седевме за на маса и гледавме глупаво. Тогаш на нашиот капитен му рековме : Фриц ние нема да пееме. Кажи му го тоа на професорот Нерц. По тренингот и потењето моравме уште и да маршираме . Фриц тоа му го пренесува на професорот Нерц . Потоа доаѓа до дискусија со челниците во спортот. По еден час , самиот Фирер нареди играчите да бидат ослободени од тој ритуал“.

Играчите на германската репрезентација беа стационирани во близина на езерото Комо , кај Верона.

„ На езерото Комо беше прекрасно. Не трениравме постојано туку излегувавме , шетавме се возевме по езерото. Беше феноменално“ – раскажуваше Јакоб.

Сепак се играше и фудбал и тоа многу успешно. Бо првото коло Германија ја победи Белгија со 5 спрема два . Следуваше победа над Шведска и пораз во полуфиналето против Чехословачка .

Во меѓувреме фудбалот во Германија станува спорт број еден. За светското првенство владее големо интересирање.

Меѓутоа телевизија сеуште не постоеше , а ниту радиото не беше толку распространето. Љубителите на фудбалот , мораа да ги чекаат весниците и со ден задоцнување да дознаат како играла нивната репрезентација . Тоа важеше и за натпреварот за третото место , на кој Австрија беше голем фаворит. Младата екипа на Германија поведе со 3:1 , но противникот од слободен удар намали на 3 спрема 2. Ханс Јакоб , кој на тој натпревар по прв и последен пат беше на голот на тоа првенство , случувањата на теренот ги опишува на следниов начин:

„ Тогаш браќата пред мене прават жив ѕид. А јас никогаш не го сакав тој жив ѕид. Сакав да го гледам играчот додека зема залет и шутира. Тие сепак го прават живиот ѕид и скокаат. А противникот шутира ниска топка. Кога ја здогледав , топката веќе мина низ моите нозе. На крајот сепак го сочувавме водството од 3:2 по што следуваше големо славје“

Наградата за третото место во Италија за германските фудбалери , беше позлатена банкнота од 20 марки . Телеграма испрати и претставникот за спорт Чамер:

„ Преку радиото ја следев херојската борба на моите фудбалски другари. Исполнет со задоволство и гордост ви честитам на освоеното трето место. Не се излажав . Германија е горда на вас“

Многу погорделив меѓутоа беше Бенито Мусолини , бидејќи Италија во финалето таа 1934 година ја совлада Чехословачка со 2:1 . Прашање е меѓутоа дали Италијанците воопшто би успеале во тоа ако не беше помошта од судиите . Во полуфиналето судијата на пример им поништи два регуларни гола на Шпанците , а не досуди ниту два чисти пенали . Во финалето беше исто, бидејќи судијата од Шведска ја толерирапе многу грубата игра на Италијанците .

На тој начин Италија стана прв фудбалски шампион на светот од Европа.