1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Италија во шок по немирите и убиството на фудбалскиот фан

*

Италија денеска е во шок по жестоките судири меѓу фудбалски навивачи и полицијата предизвикани поради убиството на еден навивач. Властите соопштија дека околу 200 лица во Рим ја нападнале полицијата и уништиле повеќе објекти и автомобили. Се јавува и за повеќе повредени во судирите и во околината на градскиот стадион. Серијата протести се случија откако еден навивач беше застрелан од полицаец кој интервенирал во тепачка меѓу навивачите на клубот Јувентус и Лацио на паркинг во регионот Тоскана. Властите зборуваат за трагична грешка на полицаецот, кој пукал предупредувачки во воздух. За италијанскиот премиер Романо Проди „насилството е загрижувачко“ и побара целосно расветлување на случајот.