1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Италијанците не се плашат од кинеските чевли

Од април престанаа да важат контроверзните специјални царински стапки на ЕУ за кожeни чевли произведени на Далечниот Исток. Италијанските производители на чевли се преориентираа поради кинеските евтини производи.

default

Кинеските производители на чевли до почетокот на април мораа да плаќаат 16,5% царина, а Виетнамците 10%. Заштитните царини беа воведени пред пет години, под притисок, меѓу другото, и на Италијанците. Тие сметаа дека на тој начин својата индустрија за чевли ќе ја заштитат од евтиниот увоз од Далечниот Исток, но царините сепак не го запреа увозот. Затоа Италијанците сега се обидуваат со нови правила да ја постават трговијата со Кина на нови основи.

Специјализација на квалитет

За производителите на чевли во Италија, почетокот на април значеше почеток на надеж. Силвано Латанци ја познава темната страна на заштитните царини. За секој чевел што го продава во Кина, тој плаќа царинска такса од 37%. Италијанецот се надева дека тие давачки сега ќе отпаднат, по укинувањето на европските заштитни царини за кинески производи од кожа.

Заштитни царини веќе нема

Заштитни царини веќе нема

„Во време на глобализација да се зборува за заштитни царини е како враќање во средниот век. Единственото што сега може да се бара, се заемни трговски олеснувања. Извозот на чевли во Италија за Кинезите е сосем ирелевантен, зашто изнесува само еден процент од нивните економски постигнувања. За нас, пак, кинескиот пазар е екстремно важен.“

Ваков став застапуваат повеќето производители на чевли во Италија. Тие одамна се специјализираа за квалитет, зашто во однос на трошоците веќе одамна не можат да се носат со Кинезите. Андреа Монтелпане затоа не сака заштитни царини, туку правила кои ќе важат и за Европејците, и за Кинезите.

„Тоа значи, за увезените производи од Кина да важат истите прописи како и за нас, производителите од Италија. Мора да има контрола. На пример, чевлите не смеат да содржат отровни бои, лепаци или пластични материи, кои ги загрозуваат животната средина и здравјето на работниците и на купувачите.“

Од лоши чевли болат стапалата

Во Фермо, италијанска провинција каде е концентрирано производството на чевли,

Важен е квалитетот, велат Италијанците

Важен е квалитетот, велат Италијанците

новата производствена политика остави траги - во последните десет години згаснаа 15.000 работни места, а затворени се две илјади претпријатија. Затоа, пак, произведувањето чевли следи нова филозофија:

„Чевлите не се облека што може да се завитка околу телото. Чевелот го носи стапалото и целото тело и ако е лошо направен, не можеш многу да одиш, стапалата болат.“

Италијанските производители сакаат со своите квалитетни производи во иднина да го освојат светот. Пазарот на евтини чевли радо им го препуштаат на Кинезите, па и во Европа, но сакаат да можат без заштитни царини непречено да извезуваат во Кина.

Автор: Филип Цан / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска