1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Италијански рецепти против кризата

Италија со инфраструктурна програма тешка три милијарди евра ќе и‘ дава поттик на економијата. Владата се надева на создавање 30.000 работни места во градежништвото.

Со парите треба да се подобри железничката мрежа, мостовите и тунелите и треба да се реновираат училишта, најави италијанскиот премиер Енрико Лета. Средствата ќе се соберат од други проекти кои не се неопходни годинава. Затоа, според Лета, не се ни очекува оптоварување на буџетот.

Во наредните денови премиерот Лета треба да обелодени и други мерки кои треба да и‘ дадат полет на италијанската економија. Меѓу другото, треба да се намали администрацијата и да се засили борбата против невработеноста на младите, нагласи премиерот.

Enrico Letta Premierminister Italien

Енрико Лета

Социјалдемократот Лета од крајот на април е на чело на коалиционата влада која се состои од неговата Демократска партија и централно-десничарскиот блок на Силвио Берлускони. Од стапувањето на должност Лета, јасно става до знаење дека Италија не може да ја преброди кризата само со штедење и дека се неопходни импулси за пораст. Според прогнозата на ОЕЦД, дадена на почетокот на мај, Италија годинава ќе се бори со рецесија. Третата по големина економија во еврозоната во 2013 година ќе забележи пад од 1,5%.