1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Истражувачкото новинарство во дигиталната ера

Модерните дигитални бази на податоци им ја олеснуваат работата на новинарите. Истовремено и ја отежнуваат, зашто анализите и комуникациските можности кои ги користат новинарите можат да бидат употребени против нив.

Некои од важните новинарски задачи последните години без дигитална техника не би можеле да се извршат. На пример, на интернет страницата Offshore-leaks на посетителите им се нудат 1,5 милиони податоци што заземаат меморија од 22 гигабајти. Меѓу нив се електронски писма, ПДФ-документи, слики и бази на податоци. Без посебни програми би било невозможно да се истражат сите тие информации, да се анализираат и од нив да се состават текстови, на пример за даночни оази.
Тоа се предностите на дигитализацијата: програмите помагаат при анализа на базите на податоци, интернетот помага во потрага по добра приказна или добар извор на информации. Доколку некој новинар го интересира некоја одредена фирма или служба, со помош на порталот на кои тие самите се претставуваат, тој може лесно да пронајде некои поранешни колеги на тие лица. Биографиите и описите на работно искуство на луѓето на профилите на одделни фирми можат да овозможат увид во минатото на овие луѓе.

Интернетот не е гаранција за слобода на информирање

Но, секако, не се само новинарите оние кои знаат како да се дојде до информација и како правилно да се објасни. Исти или слични техники на филтрирање на сомнителни мејлови или разговори користат и државите и нивните тајни служби. Тоа повторно ја отежнува работата на новинарите, пред сѐ во земјите каде се ограничува правото на слобода на печатот или воопшто го нема.

Symbolbild Bürgerjournalismus

Граѓанско новинарство во Египет


Дигиталната револуција и интернетот сами по себе не се гаранција за слобода на информирање. „Интернетот нуди нови можности, но исто така крие и многу нови замки“, вели Хауке Гиров од невладината организација „Репортери без граници“.
Додека од една страна, професионалните блогови или граѓанското новинарство придонесуваат за слободата на информирање, од друга страна дигитализацијата им овозможува на репресивните режими екстензивно да го надгледуваат интернет-сообраќајот или да го отежнат пристапот на одделни интернет-страници. Во Кина на одредено време се намалува брзината со која се пренесуваат податоците кога во пребарувачот ќе се напишат одделни зборови, вели Гиров.

Отежната заштитата на изворот на информации

Проблем на генерален надзор, а тоа ни покажаа и откритијата на Едвард Сноуден, не постои само во дикататурите. Новинарот Себастијан Мондијал, кој има работено многу на обработка на податоци од порталот Offshore-Leaks, најмногу го загрижува заштитата на изворот на информации, па дури и во демократските држави.
Мондијал советува при првиот контакт пред сѐ да се внимава информаторот и новинарот да не зборуваат за главната тема, како и да не го откриваат својот идентитет. „Некои медиумски компании денес имаат „сигурни сандачиња за електронска пошта“ со помош на кои може да се пријави дека поседувате информации кои би ги проследиле на новинарите“, вели Мондијал.

Sebastian Mondial

Себастијан Мондијал

Новинарите тогаш можат преку некој сигурен канал да одговорат дали тоа ги интересира и да се договорат за понатамошен контакт.
Мондијал исто така советува во бизнис комуникацијата да не се користат одделни сервиси. На пример, на „Скајп“ полицијата и други државни органи можат, и тоа законски, да ги следат вашите податоци. Правата на тајните служби по правило одат и подалеку. Слично е и кај „Фејсбук“.

Анонимно или под шифра

Хауке Гиров се залага за употреба на техники на шифрирање и се надева дека тие брзо ќе се прошират: Колку вкупно повеќе има шифрирани комуникации, толку повеќе индивидуалната шифрирана комуникација ќе биде понеупадлива“. Тоа значи дека некоја значајна шифрирана електронска порака повеќе нема толку да паѓа в очи во маса други шифрирани порака, па нема ниту да ја забележат оние кои го надлегуваат интернет. Уште една можност претставува и сурфањето на интернет преку мрежата Тор.

Со темата „Дигатална безбедност за новинари“ се занимава работилницата на Академијта на Дојче Веле која се оддржува до 6 декември. На неа учествуваат и Хауке Киров и Себастијан Мондијал.