Истражна постапка против соработници на Сименс | Економија | DW | 16.11.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Истражна постапка против соработници на Сименс

Полицијата вчера изврши претрес во 30 канцеларии на германскиот концерн Сименс.

Управната зграда на Сименс во Ерланген

Управната зграда на Сименс во Ерланген

Во големата рација со учество на 200 полицајци беа пребарани и приватни станови на активни и поранешни соработници на претпријатието, кои се наоѓаат под сомневање дека извршиле проневера на голема сума пари.

Потврда за големата рација дојде прво од надлежниот Државен обвинител Антон Винклер:

“Државното обвинителство Минхен 1 водија истражна постапка против одделни соработници на фирмата Сименс. Тие се наоѓаат под сомневање дека проневериле средства на претпријатието.“

И претставник на Сименс ги потврди информациите за истражната постапка, како и за пребарувањето на службените простории во Минхен и Еланген. Според него станува збор за проневера на околу 10 милиони евра. Под обвинение се шестмина соработници на фирмата, вработени во секторот за фиксна телефонија. Според извештај на интернет изданието на неделникот “Шпигел“ парите биле издвоени за подмитување потенцијални налогодавци за фирмата.

Акциите на Сименс на берзата не само што не загубија на вредност, туку дури забележаа пораст од 0,8%.