1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Истражна комисија за неонацистичките убиства

Бундестагот треба да донесе одлука за формирање Истражна комисија за серијата убиства извршена од неонацистичката терориристичка група од градот Цвикау. Соодветниот предлог е доставен заеднички од сите пратенички групи.

default

Плакат на Сојузната криминалистичка служба како дел од потрагата по терористите од Цвикау

Комисијата треба да биде составена од единаесет пратеници, кои треба да разјаснат зошто неонацистите со години можеле да извршуваат убиства без да паднат в око на службите за безбедност и какви поуки треба од тоа да се извлечат за работата на контраразузнувачката служба и на полицијата. Неонацистичката група од Цвикау се смета за одговорна за вкупно десет убиства на доселеници и на една полицајка.

Германските состојби

Подготвеноста на примена на насилство кај луѓето со десноекстремистичка ориентација е значително посилна отколку кај луѓето со други ставови, констатира долготрајната студија што универзитетот Билефелд ја спроведуваше од 2002 година до денес, а во која се истражува ширењето на предрасудите во Германија. Насловот на студијата е „Германските состојби“.

Deutschland Berlin Verbrechen Rechtsextremismus Jüdische Kindergarten beschmiert

Потпретседателот на Бундестагот, Волфганг Тирзе, кој го придружуваше проектот од самиот почеток, зборува за „фатална активност“, со оглед на актуелната серија убиства врз мали претприемачи со странско потекло. Општеството би морало конечно да се соочи со фактот дека постои нацистичка мрежа и има клима „во која прво биле осомничени роднините на жртвите“, оценува социјалдемократот Тирзе.

Раководителот на студијата Вилхелм Хајтмајер, од Универзитетот Билефелд, формулира заклучок, кој на прв поглед, што се однесува до временскиот период во кој се вршело истражувањето, се чини спротивен. Имено, деснопопулистичките ставови се намалиле од 13,6 проценти на 9,2 проценти, но опасноста од десниот екстремизам не е намалена, вели социологот.

Десните се повеќе подготвени на насилство од левите

Подготвеноста на примена на насилство кај луѓето со десноекстремистичка ориентација е значително посилна отколку кај луѓето со други ставови. Директна поврзаност меѓу непријателските ставови и злосторствата кои навистина се

1. Mai - Wolfgang Thierse bei Sitzblockade

По зборовите треба да следуваат дела - Волфганг Тирзе за време на едни демонстрации во Берлин против неонацистите

случуваат, како кај неонацистичките убиства, се разбира не може да се докаже. Но, како што велат истражувачите од тимот на Вилхелм Хајтмајер, преку истражувањата може да се осознае обемот во кој што „насилството е толерирано меѓу широкото население, или во кој што е дури и претпочитано“.

Тирзе предупредува дека опасноста од десен екстремизам не треба да се редуцира само на забрана на десноесктремистичката Националдемократска партија (НПД), за што инаку и самиот се залага. По серијата убиства, германската јавност дискутира за можна забрана на оваа партија. Хајтмајер во социјалната поделеност на земјата гледа голема причина за подготвеноста на насилство. Во тој контекст, тој зборува за „несигурна деценија“, на која белег и‘ дадоа повеќе „сигнални настани“ - терористичките напади од 11 септември во САД и нивното влијание врз Германија, како и растечката социјална нееднаквост и финансиската криза од 2008 година досега.

Експлозивна ситуација

Ваквите настани доведоа до губење на довербата во демократијата и чувство на беспомошност. Ниту една криза не можеше да биде решена, се вели во

NPD Neonazis

Подготвеноста на примена на насилство кај луѓето со десноекстремистичка ориентација е значително посилна отколку кај луѓето со други ставови

студијата. Станува збор за „експлозивна ситуација како трајна состојба“. Според социологот Хајтмајер, индиректно удел за ваквата состојба има и политиката, но тој не сака да ја критикува политиката, поради тоа што тоа ќе доведело до натамошно загрозување на демократијата.

Колку фрагилна е политичката заедница илустрира опширниот материјал со бројки за „Германските состојби“ и тоа многузначно. Зашто во студијата, која според авторите е единствена од таков тип и рамки во светот и која ја финансираа повеќе фондации, не станува збор само за непријателство кон странци, туку и за обезвреднување на луѓето поради различни причини - етнички, културни, верски, социјални, телесни или сексуални.

Автор: Марсел Фирстенау/Елизабета М. Фиданоска/СН/дв

Редактор: Александра Трајковска