1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Истражната комисија добива заби

Израелската комисија, надлежна за истражување на нападот врз мировниот конвој за Појасот Газа, добива се‘ повеќе надлежности. Владата сака да демантира дека не е заинтересирана за расветлување на нападот врз конвојот.

default

Од израелскиот напад врз мировниот конвој кон крајот на мај

Израел ја формираше државната комисија поради големиот меѓународен притисок. Таа почна со работа пред една недела и веднаш се соочи со остри критики од правниците и новинарите поради можностите со кои располага и нејзиниот состав: без вистински ингеренции и стари членови, чија просечна возраст е 84 години. Нивната цел е, меѓу останатите, да го испрашаат и израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак, како и премиерот Бенјамин Нетанјаху.

„Судијата Тиркел, кој многу го почитувам, ме замоли да дадам изјава за една недела и јас веднаш се согласив. Немаме што да криеме. Сите ќе сведочиме - јас, министрите, шефот на генералштабот. Тука нема двоумење. Тиркел го побара тоа од мене и јас прифатив“, истакнува Нетанјаху.

Aktivisten der Hilfsflotte in Gaza Flash-Galerie

Израел смета дека конвојот пренесувал оружје и други недозволени материјали

Има важни прашања, но има и поважни

Во секој случај, комисијата и натаму не смее да предлага казни за одговорните политичари и воени лица, а не смее ниту да сослушува војници, кои беа дел од акцијата. Ова останува во надлежност на израелската армија, која спроведува сопствена истрага за инцидентот. Комисијата на Тиркел треба да одлучи дали воениот напад против мировниот конвој и блокадата на Појасот Газа се во согласност со законот. Ова не е доволно, вели израелскиот мировен активист, Ури Авнери:

„Двете клучни работи и натаму не се отвораат. Дали акцијата на израелската армија била во согласност со меѓународното право е навистина важно прашање, но не е најважното. Најважното е како владата се одлучила на ваква акција и како била спроведена. Ова и натаму останува надвор од надлежностите на комисијата. Затоа го повикуваме Врховниот суд да формира државна истражна комисија“, вели Авнери.

Израелски војници, кон крајот на мај, убија деветмина турски активисти, кои беа дел од мировниот конвој со хуманитарна помош за Газа. Појасот е под блокада на Израел од киднапирањето на војникот Гилад Шалит, пред четири години. По нападот врз мировната флота, израелската влада ја олабави блокадата кон Појасот Газа, поради огромниот меѓународен притисок.

Автор: Јакоб Маир / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска