1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Истражен одбор ги потврди обвинувањата против Волфовиц

Истражен одбор на Светската банка според агенцијата за економија Блумберг ги потврди префрлувањата против шефот на светската банка Пол Волфовиц. Одборот дошол до заклучок дека Волфовиц ги прекршил етичките кодекси во аферата со унапредување на неговата животна сопаничка и покачувањето на нејзините примања. Претседателот на светската банка во префрлувањето гледа валкана кампања и одбива оставка. Вчера и американскиот претседател му пружи поддршка на Волфовиц.