1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Истрага против Саркози

Се’ додека беше на претседателската функција, беше заштитен со имунитет. Но како екс претседател Никола Саркози мора да стои на располагање за правосудните органи. Станува збор за евентуални нелегални партиски донации.

Во аферата со корупција и донации околу наследничката на „Лореал“, Лилијан Бетанкур се води истрага и против Никола Саркози. Државното обвинителство во Бордо започна постапка против поранешниот претседател на Франција Никола Саркози поради сомневање за стекнување поволности. На 58 годишниот Саркози му се префрлува дека ги искористил слабостите на милијардерката. Истовремено истражните органи нагласуваат дека за Саркози важи презумцијата на нeвиност.

Претходно екс претседателот беше сослушан. Адвокатот на Саркози, Тјери Херцог одлуката на истражниот судија Жан Мишел Гентил ја означи како „неправедна“ и најави дека веднаш ќе ја обжали.

Писма со многу пари во готовина

Во т.н. Бетанкур-афера станува збор за обвинувањето, дека денес 90 годишната жена ја поддржувала претседателската кампања на Саркози во 2007 година со нелегални донации. Блиски лица го искористиле тоа што милијардерката веќе од 2006 година страда од напредна деменција. Причина за истрагата меѓу другото се и изјави на сведоци, некогашни вработени кај наследничката на Лореал. Поранешна сметководителка тврди, дека требало да организира донација за изборна кампања од 150.000 евра во готовина. Други соработници виделе полни коверти.

Против близок соработник на Саркози поради аферата Бетанкур веќе одамна се води процес. Саркози долого време неможеше да биде испрашан, бидејќи имаше претседателски имунитет. Тој ги негира обвинувањата. Истражните органи уште летото 2012 година извршија претрес на неговите канцеларски простории и во домот, барајќи докази за евентуално прекршување на законите. Конзервативниот политичар пред изборите во 2007 година најмалку еднаш бил на гости кај Бетанкур.

Внукот на 90 годишната Лилијан Бетанкур, Жан Виктор Мајерс има старателство за неа. Нејзиниот имот се проценува на 20 милијарди евра.