1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Истрага против екс-министерот Фридрих

Германското државно обвинителство одлучи да отвори истрага против поранешниот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих поради оддавање доверливи информации.

Поранешниот министер за внатрешни работи и земјоделство Ханс Петер Фридрих остана без пратенички имунитет. Државното обвинителство во Берлин денеска соопшти дека против Фридрих отвора истрага поради оддавање службени тајни.

Фридрих, кој е член на Христијанско-социјалната унија ЦСУ, баварска партија- партнер на Христијанско-демократската унија- ЦДУ на германската канцеларка Ангела Меркел, поднесе оставка на министерската функција овој месец, поради неговата улога во педофилскиот скандал во кој беше вмешан друг политичар- Себастијан Едати од Социјалдемократската партија, која е исто така дел од широката владина коалиција на канцеларката.

Едати претходно поднесе оставка на пратеничката функција откако беше откриено дека бил осомничен за педофилија. Улогата на Фридрих во скандалот, и причината за оставката, е во тоа што тој од позиција на министер за внатрешни работи во октомври 2013. година дознал дека името на тогашниот пратеник на

Affäre Edathy: Linke und FDP fordern Friedrichs Rücktritt

Ханс-Петер Фридрих и Себастијан Едати

СПД Едати се појавило во рамките на меѓународна истрага. Оваа информација тој ја споделил со лидерот на СПД, Зигмар Габриел.

Поради тоа, обвинителството одлучи сега да отвори истрага и против Фридрих. Неделава за тоа бил информиран претседателот на Бундестагот Норберт Ламерт, кој во рок од 48 часа го прифатил барањето на Фридрих да му биде укинат пратеничкиот имунитет, со цел против него да биде спроведена истрага.

Надлежните се сомневаат дека Едати дознал предвреме дека полицијата против него води истрага за детска порнографија. Исто така не може да се исклучи можноста дека бил уништен доказен материјал или биле отстранети компјутери.