1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Истрага по нападот во Истанбул

По нападот пред американскиот конзулат во Истанбул, сеуште се непознати сторителите и организаторите. Сомнежите се насочени кон Ал Каеда. Во истрагата на турските власти активно се вклучени и американски претставници.

default

Турската полиција пред конзулатот на САД

При престрелка пред американскиот конзулат во турската метропола Истанбул убиени се шест лица. Меѓу убиените се тројца полицајци и тројца од напаѓачите, кои ја почнаа вчерашната престрелка со безбедносните сили. Полицијата не исклучува дека станува збор за терористички чин на членови на Ал Каеда. Еден од вкупно четворицата атентатори е во бегство.