1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Истрага за наводна нелегална продажба на олимписки влезници

Британскиот весник „Сандеј тајмс“ објави извештај во кој се обвинува дека олимписки функционери продавале влезници за ЛОИ во Лондон на црниот пазар. Меѓународниот олимписки комитет покренал истрага.

Меѓународниот олимписки комитет вчера покренал истрага за медиумските извештаи дека олимписки функционери и туристички агенти нелегално продавале влезници за натпреварувањата на претстојните Летни олимписки игри во Лондон, за цени кои во некои случаи биле до десет пати повисоки од оригиналните.

Британскиот весник „Сандеј Тајмс“ објави доказни материјали против 25 олимписки функционери одговорни за влезниците во 54 земји. Националните олимписки комитети и овластените препродавачи на билетите ги прекршиле правилата при купувањето и продажбата на влезниците надвор од своите држави, тврди весникот.

Станува збор за широко раширена корупција, истакнува "Сандеј Тајмс", кој ги обвинува олимписките функционери дека вршеле продажба на олимписките влезници по многу повисоки цени и надвор од своето подрачје.

Околу 1,2 милиони влезници, за сите спортови, им се дадени на олимписките комитети на земјите учеснички на ЛОИ, кои потоа директно, или преку свои агенти за продажба ги препрадавале многу поскапо. Овие влезници, националните комитети смеат да ги продаваат само на својата територија и во своите земји, а не и во странство, но истражувањето на лондонскиот неделник покажува дека таквото олимписко правило масовно се прекршувало.

London 2012 Olympiade Tickets

Влезници за ЛОИ во Лондон

МОК покрена истрага

Новинари на „Сандеј Тајмс", преправени како агенти за продажба од една блискоисточна компанија, откриле широко раширена мрежа на нудење влезници за најзначајните спортски настани на Олимпијадата, како што е финалето на трката на 100 метри и тоа на најдобрите седишта, во линијата на целта.

Меѓународниот олимписки комитет соопшти денеска дека наредил итна истрага за пишувањето на весникот, но и започнал сопствена истрага, закажувајќи итна седница на Извршниот комитет на МОК.

„МОК ваквите обвинувања ги сфаќа многу сериозно. Ако бидат докажани некакви нерегиларности, организацијата ќе се справи со оние вклучени во тоа на соодветен начин“, се вели во соопштението на организацијата.

Истрага за обвинувањата за корупцијата кај дел од странските олимписки комитети навести и Организациониот комитет на Игрите во Лондон