1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Истрага за можна масовна гробница во јужна Србија

По вторпат за две години претставници на комисиите за исчезнати лица на Србија и на Косово го пребаруваат теренот на подрачјето на Медвеѓе поради сомневање за постоење масовна гробница.

Претставници на комисиите за исчезнати лица на Белград и на Приштина денеска започнаа со истражување на теренот во атарот на селото Свирце во близина на Медвеѓe, поради сомневање дека на тоа подрачје се наоѓа масовна гробница со тела на Албанци од 1999 година, јави српската новинска агенција Танјуг.

Претседателот на општина Медвеѓе во јужна Србија, Слободан Драшковиќ соопшти дека засега само се прегледува теренот, при што претставниците на комисиите се обидуваат да ги лоцираат местата на кои евентуално се наоѓа гробницата.

„На терен покрај членовите на комисиите се наоѓаат и претставници на ЕУЛЕКС и на Црвениот крст. Моментално се скенира теренот на местото наречено Капија, меѓу Медвеѓа и Косовска Каменица“, истакна Драшковиќ.

Ова е вторпат во последните две години претставници на српската и на косовската комисија за исчезнати лица и на меѓународните организации да го пребаруваат теренот на подрачјето на Медвеѓе поради сомневање за постоење масовна гробница.