1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Истрага за катастрофата во Мексиканскиот залив

Нафтената катастрофа во Мексиканскиот залив треба да биде истражена од независна комисија. Ова го најави американскиот претседател Барак Обама. Во меѓувреме продолжуваат напорите за испумпување на нафтата на танкери.

default

Со еден вид цевка се всмукува нафтата која истекува на дното на морето и се пумпа во танкер. Околу 1.000 барели нафта на ден односно 135 тони. Даг Сатл, менаџер на концернот „Бритиш петролеум“ вели: „Не станува збор за целокупното количество кое истекува во Мексиканскиот залив. Тоа и натаму истекува. Но, се надеваме дека во наредните 24 часа низ оваа цевка ќе можеме да всмукаме уште повеќе нафта.“

Закана за Флорида?

Компанијата „Бритиш петролеум“ наведува дека со цевката со пречник од десет сантиметри може да се извади само една петина од нафтата која истекува. Целта меѓутоа и натаму останува затворањето на дупката. „БП“ се надева дека тоа ќе и‘ појде од рака до викендот или најдоцна во наредните десет дена, вели Сатл. „Имаме намера да ја затрупаме дупката и така да го запреме истекувањето на нафтата, а потоа да ја зацементираме“.

Ölpest Golf von Mexiko

Сега барем дел од нафтата се црпи во танкери

Во меѓувреме пристигнуваат нови вознемирувачки вести. Научниците пресметале дека нафтата би можела да се влее во голема морска струја која го заплискува брегот на Флорида. Тоа би можело да претставува голема опасност за еколошки и туристички многу скапоцениот брег на Флорида, потоа за низата острови распространети во должина од 300 километри на југот на Флорида, меѓу Мексиканскиот залив и Атлантикот.

Џенет Наполитано, министерка за внатрешна безбедност во администрацијата на Барак Обама вчера во Сенатот изјави: „Ако забележиме дека нафтата навистина тече во правец на оваа морска струја, ќе се обидеме тоа да го спречиме со хемикалии и бариери. Така би заштитиле еден дел од брегот“.

Истрага како за несреќата на „Челинџер“

Никој не може точно да каже колку милиони литри нафта веќе истекле во Мексиканскиот залив. Во меѓувреме стана јасно дека не грешел само „Бритиш петролеум“, туку и државата. Во федералната служба надлежна за нафтени дупчења во длабокото море-ММС веќе се поднесуваат оставки. Претседателот Обама ја обвини службата дека има премногу блиски односи со нафтената индустрија. Вчера беше објавено дека тој ќе формира комисија која ќе ги истражи причините за драматичната нафтена катастрофа. Слични независни експертски комисии веќе имаше во САД и по други тешки катастрофи, како на пример по експлозијата на спејсшатлот „Челинџер“ во 1986 година.

Автор: Ана Енгелке/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска