1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Истрагата продолжува

По апсењето на 21 годишниот Либанец,засилено се трага по вториот осомничен за подметнувањето куфери бомби,полицијата вели дека наскоро ќе следат нови апсења

Видео набљудување на јавниот сообраќај

Видео набљудување на јавниот сообраќај

Германската железница ги засили безбедносните мерки по обидите за напади со куфери бомби. Видео надгледувањето ќе биде проширено,како што соопшти одговорниот во железницата,Ото Вишо,а ќе биде интензивирана и соработката меѓу сојузната полиција и службите за безбедност на железницата.

Претседателот на Сојузната германска служба за криминал Јерг Цирке пак бара поголеми овластувања за неговите луѓе во борбата против тероризмот.Тој во интервју за телевизијата укажа дека во демократски држави како Германија не е можно тотално видео набљудување.Но,тој оценува дека има основа да се воведе планираната анти терор централна банка на податоци на сојузот и покраините.Јерг Цирке смета со брзи натамошни апсења во случајот со планираните напади во јули.По фаќањето на едниот осомничен,постои мноштво траги,изјави шефот на криминалната полиција.Решавачкиот доказ за апсењето на 21 годишниот Либанец дошол од извори на либански тајни служби,соопшти портпаролот на Сојузното јавно обвинителство Фрауке Катрин Шотен вчера во Карлсруе.

Двајцата осомничени подметнувачи на бомби не биле поединци,сметаат Генералното јавно обвинителство и Сојузната криминална полиција.Уапсениот Либанец е обвинет за членство во терористичко здружение.Дали е можно да постои терористичка келија во покраината Шлезвик Холштајн,во Кил ,каде живеел Либанецот?Во оваа покраина,во Хамбург во јули беше уапсен член за врска на Ал Каеда,кој исто така живеел во Кил.Во овој град повеќепати бил виден и едне од грабнувачите на авиони во нападите од 11 септември во Њујорк и Вашингтон,Мохамед ал Ата.

Но,раководителот на Службата за заштита на поредокот во Шлезвик Холштајн,Хорст Егер,вели дека нема сознанија дека Кил е место каде се собираат терористите:

-Северна Германија не е гнездо на исламските терористи.Таква претстава би била пренадуена.Но,ние моравме да научиме дека не сем ослободени од вакви структури,иако во еден дел бевме изненадени.

Министерот за внатрешни работи од оваа покраина Ралф Штегнер исто така гледа зголемена опасност од напади.Тој бара брзо воведување на анти терор датотеката и засилено видео надгледување на јавните места:

-Луѓето го сакаат тоа.Тие не сакаат да се плашат кога патуваат со виз или авион.

Хорст Егер од Службата за заштита на поредокот смета дека одредена должност имаат и граѓаните,тој бара општа будност,не само кога се работи за оставени куфери:

-Можеби едноставно поинаква свест за постоење опасност.Човек мора да знае дека овие работи не се далеку од нас,туку веројатно многу близу.