1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Истрагата за смртта на Трајковски веројатно продолжува

Извесно е дека истрагата на Советот на Европа за смртта на претседателот Борис Трајковски,ќе биде продолжена и проширена на БиХ и на НАТО,вели за ДВ,Оливер Шамбевски,претседател на македонската делегација во СЕ.

default

Остатоци од урнатиот авион во кој се наоѓаше Трајковски, во близина на Мостар

Од Парламентарното Собрание на Советот на Европа не сакаа да ја коменираат содржината на сé уште доверливиот извештај за трагичната смрт на Претседателот Борис Трајковски, пред за тоа да се изјасни Бирото на ПС на СЕ, кое се состанува денес во Братислава.

Оливер Шамбевски, претседателот на македонската собраниска делегација при ПС на СЕ, кој се наоѓа на состанокот во Братислава, во телефонскиот разговор за Радио Дојче Веле, за тоа каква одлука може да се очекува од Бирото ни рече:

„Мислам дека повеќе од извесно е дека мандатот на Господинот Грос ќе биде продолжен и проширен во однос на властите на Босна и Херцеговина и на НАТО. Така што, мислам дека ова ќе биде повеќе една техничка одлука, нема да се дискутираат детали од неговиот извештај.“

Шамбевски, инаку пратеник од редовите на ВМРО-ДПНЕ, иако не сакаше да навлегува во деталите на извештајот сепак истиот го оцени како коректен и со добри препораки за Република Македонија.

„Во овој момент првичниот извештај на Господинот Грос, се уште е доверлив и не би можел да зборувам за детали во однос на тоа, бидејќи како што знаете тој е заштитен со доверливост додека не стане официјален документ на Парламемтарното Собрание на Советот на Европа. Но од она што јас го имам видено можам да кажам дека е прилично добро направен, дека е коректен, фер и има добри препораки за Република Македонија.“

Ниту македонскиот парламентарец, ниту службата на ПС на СЕ не ги демантираа информациите до кои дојде Радио Дојче Веле за содржината на извештајот. Тие се свесни и тоа добро е нагласено од известувачот Андреас Грос, дека македонските политички раководители без разлика на нивната политичка припадност, исто како и јавноста во земјата посакуваат да бидат расветлени причините за падот на Кингерот.

Швајцарскиот пратеник не верува во теоријата за евентуален атентат врз претседателот Трајковски и е на мислење дека падот на претседателскиот авион бил веројатно несреќен случај, во кој не се одговорни само пилотите, одговорност за несреќата можат да имаат и силите на СФОР. Пред се во нивната небрежност, која можеби довела до неоткривање на вистинските причини за несреќата.

Грос е изненаден од некохерентноста и противречностите во официјалната истрага за причините на несреќата. Посебно делот кој се однесува на првите 24-26 часови по несреќата - времето кое беше потребно да се најде авионот.Меѓу бројните прашања кои чекаат одговор како контроверзните информации околу минираниот терен е и исчезнувањето на 18 секунди од снимката на црната кутија на авионот, за што тој смета дека е потребна нејзина повторна експертиза.

Сите овие елементи според Андреас Грос, заслужуваат да бидат испитани во една нова и и солидна истрага, која ќе ги расветли околностите за смртта на претседателот Борис Трајковски. Тој советува создавање на македонската истражна комисија, на која треба да и се придружи и еден член на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, со што ќе се отворат вратите на НАТО и СФОР.

Тони Гламчевски

Поврзана содржина