1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Истрагата за допингот во Сочи продолжува

По обелоденувањето на случајот со допинг во германскиот олимписки тим, во истрага се вклучува и полицијата. Направен е претрес на приватниот стан на бијатлонката Еви Шахенбахер-Штеле и на целата олимписка база Руполдинг.

Шефот на мисијата на германскиот олимписки тим Михаел Веспер (насловна фотографија) денеска изутрина (22.02) во Сочи соопшти дека Криминалистичката служба на германската покраина Баварија извршила претрес на приватниот стан на бијатлонката Еви Захенбахер-Штеле, но и на целата олимписка база Руполдинг. Со обвинитлеството ќе се соработува „зашто неопходно е да се направи претрес и на целата околина“, рече Веспер на прес-конференција.

Веспер нагласи дека во случајот на Захенбехер-Штеле не се работи за високотехнички допинг. Позитивната допинг проба се должи на контаминирано средство за дополнување на исхраната. Захенбахер-Штеле користела „над пет - пет, шест, седум“ вакви продукти. Веспер нагласи дека бијатлонката ги добила средствата од тренер за ментална кондиција со кој работи, а кој не е дел од германскиот олимписки тим.

Evi Sachenbacher-Stehle ARCHIVBILD 2010

Еви Захенбахер- Штеле

Захенбахер-Штеле, како што тврди Веспер, не сакала да се допингува „намерно“. Со оглед на тоа што станува збор за специфична супстанца, која е „забранета само на натпревари, но не и на тренинзите“, бијатлонката, како што вели Веспер, можеби нема да добие двегодишна забрана за настапи, туку некоја помала казна.

И на двете проби направени кај Захенбахер-Штеле констатирано беше присуство на стимулансот метилхексанамин. Непосредно по објавувањето на резултатите, обвинителството во Минхен покрена истрага која, како што јави Бајерише Рундфунк, не е насочена против спортиската лично, туку против непознато лице. Притоа станува збор за тоа да се открие кој ја снабдил со контаминирано средство за дополнување на исхраната. Двократната олимписка победничка Захенбахер-Штеле вчера беше исклучена официјално од германскиот олимписки тим и уште истиот ден се врати дома.