1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Истрагата да продолжи, мандатот на Грос да се прошири

Истрагата за авионската несреќа во која загина поранешниот македонски претседател Борис Трајковски влегува во нов правец.

default

Во несреќата, освен претседателот Трајковски, загинаа уште осуммина негови соработници

Македонскиот парламент ќе бара од Советот на Европа поголеми овластувања за пратеникот во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Андреас Грос, кој води независна истрага за случајот од 26 феврури 2004 година, кога под сомнителни околности авионот на македонската влада се урна пред слетување во Мостар. Истовремено, продолжува истрагата и на македонските надлежни институции. Денеска (11.01.2010) собраниската комисија го усвои извештајот за досегашниот тек од истражните дејства и сознанијата добиени досега.

Пратеникот Оливер Шамбевски за Дојче Веле вели дека комисијата со консензус од сите политички партии заклучила на Парламентот да му препорача...

„Бирото на Парламентарното собрание на Советот на Европа би требало да ја разгледа можноста за проширување и продолжување на мандатот на Андреас Грос за подготвување на дополнителен извештај во врска со наводната сомнителна смрт на поранешниот претседател на Република

Russland Wahlen EU Wahlbeobachter Andreas Gross

Андреас Грос посочи повеќе противречности во истрагата

Македонија Борис Трајковски, а кој би се однесувал на властите, односно на делот од истрагата која се водела во БиХ, како и на силите на СФОР“, вели Шамбевски.

Додека трае истрагата - дискреција

Тој не открива до какви сознанија дошол Грос, ниту пак македонските истражни органи, објаснувајќи дека е неопходна одредена дискреција додека трае истрагата. Во наредниот период очекува засилена соработка со властите во Босна и Херцеговина и надлежните во НАТО.

„Цениме дека ова ќе биде од исклучителна важност за натамошно подобрување на извештаите и ќе биде во прилог на расчистување на конечната вистина за она што се случи дента кога падна авионот на претседателот. Останува третата, односно клучната фаза која се однесува на Босна и Херцеговина и силите на СФОР“.

На барање на Советот на Европа, македонскиот парламент спроведува нова истрага за авионската несреќа во која пред речиси 6 години загина претседателот Трајковски. Дилемите кои ги отвори Грос се однесуваат на официјалната истрага во која пилотите беа посочени како виновници за несреќата. Тој во извештајот до Советот на Европа потенцираше дека одговорност за несреќата можат да имаат и припадниците на СФОР и посочи повеќе противречности во истрагата. Во несреќата, освен вториот претседал на независна Македонија загинаа уште осуммина соработници на Трајковски. Нивните семејства ја тужат државата, бараат отштета и нова независна истрага која ќе ги утврди причините за падот на авионот.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска