1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Источноевропските искуства применливи и за „арапската пролет“

Можат ли да се споредуваат сегашните настани во арапскиот свет со пресвртот во Источна Европа пред 20 години? Применливи ли се тогашните искуства и за сегашното демократско движење во Северна Африка?

default

Пред 20 години се велеше „Источноевропејците се неспособни за демократија“. Сега се тврди дека муслиманите или Арапите „не знаат што да прават со демократијата“. Ни едното, ниту другото не е точно, оти и источноевропејците, како и многумина северноафриканци, ја докажаа својата волја и определба за демократија, смета бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов. На оваа тема деновиве се дискутираше на големата дводневна меѓународна конференција во Софија.

Европјаните не сакаа да понудат готови совети, туку само размена на искуства, оти „Европа не е во состојба да ги реши проблемите на Арапите“, како што нагласи шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт. Произлезе дека има редица применливи искуства: брзо да биде децентрализирана државата и да бидат спроведени неопходните реформи, брзо да се постапува, да се создаваат факти, а препорачлив е и моделот на „тркалезни маси“ како инструмент за мирољубив демократски премин.

Flash-Galerie Revolution in Osteuropa 1989 Demonstration in Polen

Во тој премин има два начелни проблема, смета унгарскиот министер за надворешни работи Јанош Мартоњи: како повторно да се воспостави политичка стабилност и што да се прави со претставниците на стариот режим. Посебно се важни реформата на правосудството и борбата против корупцијата, е советот од бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Да се избегнат олигархиски структури

Според други учесници, главен проблем во некогашните комунистички земји бил настанувањето насилнички настроени и олигархиски структури, поради што е важно да се инвестира во силни државни институции и во средна класа која би била способна да опстане, како најдобро средство против корупцијата и олигархијата. Како основи за демократизацијата беа нагласени слободните и независни медиуми, повеќе образование и изградба на граѓанско општество и на невладин сектор.

epa02699670 A handout photograph made available by the Syrian Arab News Agency (SANA), shows the funeral procession of a policeman, Simon Issa, in the central province of Homs, Syria, 23 April 2011. According to SANA, Issa was killed in an assault by an armed group on 22 April. Syria has been gripped by more than five weeks of protests with cries demanding reforms. Sana said masked gunmen on motorcycles shot indiscriminately at people on 22 April in many Syrian cities, leaving many casualties. EPA/SANA/HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES +++(c) dpa - Bildfunk+++

Но, како да се востановат и пробијат тие, кога на пример половината од населението на Јемен е неписмено, а само пет проценти имаат пристап до компјутер, во дилема е Вазим Алкерши, тамошен студентски активист. На созреаното граѓанско општество и на медиумските професионалци во Египет не им е треба европско „туторство“, смета телевизиската новинарка Амани Елкхајат. Беше потсетено и дека Европејците до неодамна активно соработуваа со корумпирани властодршци како Хосни Мубарак.

Меѓу „сомотските револуции“ во Источна Европа и арапските востанија, беше констатирано, има две темелни разлики: во некогашниот Источен блок владееше планско, а во арапските земји пазарно ориентирано стопанство, и, второ, источноевропејците многу бргу добија реформски задачи од ЕУ, како предуслов за прием, додека блискоисточните демократии во зародиш, без таква поддршка, мораат сами и бавно да се снаоѓаат на реформскиот пат.

Автор: Александар Андреев/Зоран Јордановски

Редактор: Борис Георгиевски