1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Историја на Еврото

Далеку пред самитот на ЕУ во Мастрихт од 1991 година постоеја идеи за воведување заедничка европска валута. Практично од моментот на формирањето на Европската економска заедница во 1958 година. Меѓутоа, штотуку формираната заедницца едноставно не беше зрела за толку амбициозен проект. Освен тоа, тогаш постоеше таканаречениот Бретонвудски систем на цврсто поврзување на најважните валути, па немаше итна потреба од европска монетарна унија. Тој мир сепак, не траеше долго. Во 60-тите години бретонвудскиот систем западна во тешкотии. Различните национални банки се помалку ги усогласуваа своите монетарни политики. Како последица на тоа бретонвудскиот систем се почесто мораше да се дополнува. Време за европската заедница да ги заживее старите проекти. Во 1969 година канцеларот Вили Брант предложи воведување монетарна унија. Предлог што падна на плодна почва, вели Манфред Фелдзипер, професор на Универзитетот во Келн:

"Во наредната година се појави првиот план под името Пјер Вернер, тогашен премиер на Луксембург. Тој план предвидуваше воведување монетарна унија во рок од десет години. Но, тој пропадна поради турбуленциите и пропаѓањето на бретонвускиот систем во 70-сеттите години".

Брзото пропаѓање на бретонвудскиот систем го оддалечи планот за монетарна унија во Европа. Сепак на 13 март 1979 година влезе во сила европскиот монетарен систем кој требаше да воспостави ред во монетарниот хаос. Заедно со тоа беше воведена и првата европска валута позната под името ЕКУ. Тоа беше вештачка валута и служеше само за пресметување меѓу земјите на ЕЗ. Сепак, со тоа францускиот претседател Жискар Д'Естен и германскиот канцелар Хелмут Шмит станаа татковци на подоцнежното евро.Во 1987 година европската интеграција со актите за обединување и со планираниот заеднички пазар за 1992 година доби нов полет. Професорот на универзитетот во Бон Јирген фон Хаген потсетува:

"Новиот поттик за монетарна унија се појави кон крајот на 80-сеттите со писмото на тогашниот германски министер за надворешни работи Ханс Дитрих Геншер до владите на европската заедница. Требаше да се врати во живот планот за монетарна унија што водеше до формирање на комисијата на Жак Делор која во 1989 година поднесе извештај како да се дојде до монетарната унија". 20 години по планот Вернер, се појави второто сценарио за воведување европска валута, овојпат напишано од шефот на европската комисија Жак Делор кој потоа беше реализиран и во стварноста. Помогна притоа и единствената историска пригода: пропаста на комунизмот во Источна Европа и повторното обединување на Германија. Тоа во соседните седните земји го расшири страхувањето од самостоен настап на Германија, објаснува професор Јирген фон Хаген:

"Реакцијата на тоа, пред се во Франција беше монетарната унија да се унапредува побргу за да се обезбеди што потесно поврзување на Германија во Европската унија". Три недели по паѓањето на Берлинскиот sид, Ханс Дитрих Геншер на 9 ноември 1989 година го посети францускиот претседател Франоса Митеран. Беше договорена владина конференеција на која требаше да се прифати планот на Делор за монетарна унија. Беше роден самитот во Мастрихт на кој претседателите на држави или влади на ЕУ ги одобрија трите етапи на планот Делор, кој официјално беше потпишан на 7 февруари 1992. Единственото што го заборавија учесниците на самитот во Мастрихт беше на новото дете да му дадат име. Првобитно требаше да остане ЕКУ, но против беше Хелмут Кол, па на смитот во Мадрид 1995 година новата валута беше крстена "евро". Последните детали на патот кон еврото беа договорени на самитот на 3 мај 1998 година во Брисел. Тогашниот германски канцелар Хелмут Кол беше задоволен:

"Беше сосема јасно дека овој ден е голем и важен ден за Европа зашто ги донесуваме најзначајните решенија за воведување на еврото". Она што уште недостигаше беа бакноти и монети. Кога на 1 јануари 2002-та беше воведена европската готовина, тоа беше последниот чекор за воспоставувањето на монетрната унија во Европа.