1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Историјата на злосторството

На 11 јули 1995 година во Сребреница и околината се случи најголемиот геноцид по Втората Светска Војна

Над 7 илјади луѓе беа жртви на масакрот во Сребреница

Над 7 илјади луѓе беа жртви на масакрот во Сребреница

Нема причина на загриженост . Од сега овој град е посебна заона под заштита на ОН . Со овие зборови францускиот генерал Филип Морилон во март 1993-та година им се обрати на луѓето на Сребреница . Во градот до крајот на зимата се слеаја околу 40 илјади луѓе , главно бегалци од околните села и градови кои еден под друг паѓаа пред нападите на далеку надмоќната Војска на република Српска . Советот за безбедност на ОН на 16 април 1993-та година донесе резолуција со која опколениот град беше прогласен за безбедна зона , речиси сите припадници на Армијата на Бих беа разоружани , а одговорноста за безбедноста на цивилите ја презема батаљон на сивите шлемови.

Сепак , во деновите и месеците кои уследија состојбата во Сребреница беше на работ на катастрофа. Хуманитарните конвои на ОН често се враќаа од каде што доаѓаа , затоа што беа спречувани да стигнат до Сребреница од страна на војската ана Република српска. Во самиот град цветаше пазар на црно. Состојбата не беше подобра ниту во 1994 ниту во 1995 година . Постојаната изгладнетост и потрагата за храна , тврдат некогашни офицери во босанската армија , ги приморувала преостанатите вооружени војници да изведуваат напади врз околните српски села . Во тие напади без сомнеж страдаа и српски цивили , што во летотот 1995-та година му послужи како оправдание на генералот ратко Младиќ да нареди напад врз Сребреница.

Сепак планови за освојување на сите заштитени зони на истокот од БиХ , Сребреница , Жепа и Горажде постоеја уште многу порано. Веќе во јануари 1995-та година имаше податоци за такво нешто во штабот на трупите на ОН . Постоеја и информации од страна на разузнувачите во босанската армија , дека завземањето на заштитените зони би требало да го поврати моралот на војската на босанските Срби , која имаше големи загуби во луѓе и територии на останатите фронтови.

Патот за нападот беше отворен на состанокот меѓу генералот на ОН од Франција , Бернар Жанвиер и генералот ратко Младиќ, во Зворник на 4 јуни 1995-та година . Тие преговараа за ослободување на повеќе стотици сини шлемови кои беа држени како заложници од страна на босанските Срби . Предусловот на Младиќ за ослободување беше дека ОН мора да се обврзат дека ќе ги спречат нападите на НАТО авионите врз српските позиции . Жанвие се согласи и на тој начин значително ја ослаби позицијата на сините шлемови во Сребреница- пишува новинарот Рој Гутман во весникот Њусвик .

По 9 јуни специјалниот пратеник на ОН , Јасуши Акаши издава соопштение во кое стои дека трупите на ОН се враќаат исклучиво на мировните акции и оти се одрекнуваат од употреба на сила . Инаку холандските војници својот авторитет на теренот околу Сребреница , во голема мера го засноваа токму на заканите од воздушни напади.

Војската на босанските Срби во текот на јуни го стегна обрачот околу градот . Константно беа гранатирани истурените пунктови на ОН, а холандските војници се повлекоа во внатрешноста на заштитената зона . Отворениот напад започна на 6 јули со гранатирање на целата зона. Во подоцнежните анализи на штабот на ОН е постигнат закључок дека градот го напаѓале меѓу 8 и 12 илјади војници од кои околу 3000 беа од соседна Србија. Тие биле потпомогнати од 20 до триесет тенкови и тешка артилерија . Преостанатите 3000 војници на армијата на БиХ не можеа да пружат отпор. Разузнувачката служба на босанската армија можеше само да направи снимка од наредбите кои на своите потчинети преку радио врска им ги издаваше лични генералот Ратко Младиќ , наводно од командното место во соседна Србија .

„Пукајте во живо месо. Само во живо месо . Тие немаат оружје , имаат само по некоја зоља, имаат обични пушки и тоа е се“.

Српската војска зазема 5 од 13 набљудувачки пунктови на ОН . Двајца припадници на сините шлемови загинуваат. Набљудувачите на ОН бараат од својата команда да биде спречен масакрот . Реакција нема . На 9 јули следува нов апел на Холанѓаните конечно да започнат воздушни напади . Францускиот генерал Женвиер го блокира налогот за воздушни напади.

На 11 јули српските единици го продолжуваат напредувањето , а американските разузнувачи сеуште не се сигурни дали нивна намера е да го заземат градот. Генералот Жанвиер конечно го потпишува налогот за воздушни напади. Американските авиони Ф 16 испалуваат две ракети врз оклопните возила на војската на босанските Срби . И двете ја промашуваат целта и со тоа нападите се завршени . Спевијалниот пратеник на ОН јасуши Акаши во 16 часот и 30 минути тој ден објавува ; Српските воени сили ја заземаа Сребреница , вклучително и базата на холандските војници .

Ратко Младиќ во телевизиските камери ја изговара познатата реченица дека е „ дојдено времето за одмазда против Турците поради злосторствата кои ги направиле по буната против дахијите“

Малкумина веруваа дека поради убиствата кои ги вршеа Турците пред 150 години , со својот живот ќе платата сите мажи од Сребреница . Но тоа сепак се случи.

Околу две третини од околу 40 улјади луѓе од Сребреница се повлекоа во базата на ОН во Поточари, надевајќи се на заштита од сините шлемови. Нешто повеќе од десет илјади , главно мажи , преку шумата се упатија кон Тузла. До територијата под контрола на армијата на Бих стигнаа само половина од нив . Останатите беа убиени во заседи или егзекутирани по заробувањето. Во Поточари холандските војнци им помагаат на војниците на босанските Срби да ги раздвојат жените од мажите . Холанѓаните биле свесни што ќе се случи тврди една од преживеаните жени од Србереница:

„ Ме изненадија што не преземаа ништо , што не пуштија во рацете на оние кои од самиот почеток сакаа да не убијат, да ја направат Сребреница етнички чиста “

Уследи организирана акција на убивање на заробените мажи меѓу кои имаше малолетни деца и старци. Тие биле распоредувани во стадионите , училиштата и индустриските хали а оттаму водени на стрелање.

За она што се случуваше во тие јулски денови беше потребна обемна логистичка подршка . Автобуси за превезување на заробениците , багери за копање масовни гробници и нивно затрупување а потоа и повторно откопување за да се скријат траговите и труповите со камиони да бидат пренесени на други локации.

Трагите од масакрот сепак беа видливи преку американските шпионски сателити и информации во јавноста пристигнуваат по неколку месеци . Екипите на експерти по судска медицина врз основа на снимките пронајдоа преку 40 масовни гробници и досега ископаа преку 7000 тела на убиени- вели шефот на Комисијата на БиХ за исчезнати Амор Машовиќ .

Од овие седум илјади вреќи го утврдивме идентитетот на повеќе од 3000 илјади

Првообвинетите за маскрот во Сребреница , радован Караџиќ и генералот Ратко Младиќ сеуште се на слобода . Младиќ вака му честиташе на офицерот кој му јави дека српските единици влегоа во Сребреница

„Те снимам за историјата, господине полковник и честитам. Благодарам шефе“

Овој разговор очигледно го снимија и други. Не само овие снимки , туку и низа други докази како и важечките обвиненија од Хашкиот Трибунал придонесуваат Сребреница да не биде запамтена како што посекуваше Младиќ , туку како најголем геноцид во Европа по Втората Светска Војна.