1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Историски часови во американскиот Конгрес

Мартина Батлер / ЕМФ23 јуни 2016

Невообичаени слики во американскиот Конгрес: пратениците демократи демонстрираат со штрајк со седење во пленарната сала на Претставничкиот дом, барајќи построги закони за оружје. Повод - масакрот во Орландо.

https://p.dw.com/p/1JBi5
Фотографија: picture alliance/ZUMA Press/Katherine Clark's Office

Стотици луѓе, во раните утрински часови, нешто по полноќ, пред Конгресот во Вашингтон на пратениците им ја пеeja традиционалната химна на американското граѓанско движење - „We shall overcome“. Во тој момент, во Претставничкиот дом т.н. Sit-In на демократите трае повеќе од 13 часа. Тие сакаат да извршат притисок за заострување на законите за оружје. Околу еден часот по полноќ републиканците, кои имаат мнозинство, се обидуваат повторно да гласаат за законите. Тие се обидуваат да му стават крај на штрајкот со седење, но без успех.

Некои демократски политичари држат фотографии со жртвите од масакрот во Орландо. Добиваат и поддршка - претседателот Барак Обама преку Твитер му се заблагодарува на пратеникот Џон Луис, кој ги води протестите и кој уште со Мартин Лутер Кинг се ангажирал во движењето за граѓански права.

Лидерот на демократите во Конгресот, Ненси Пелоси, е радосна што е најден начин за ширење на веста за протестот преку социјалните мрежи, откако микрофоните и камерите во Конгресот беа исклучени. Политичарите преку своите смартфони го пренесуваат протестот. Политичкиот репортер Бен Кјузек за телевизијата Си-Ен-Ен објаснуваше колку е невообичаена ситуацијата во Претставничкиот дом:

„Ова не сум го доживеал во 20 години известување од Вашингтон. Ова е ноќ во Претставничкиот дом која нема да биде заборавена. Дали ќе има ефект? Останува да видиме.“

US Congress Sitzblockade für ein strengeres Waffengesetz
Фотографија: picture-alliance/ZUMA Press/D. Ewards

Што мислат републиканците за штрајкот со седење, објаснува пратеникот Марлин Штуцман: „Ова е само рекламен трик за да се привлече внимание за темата. Тоа не се прави така. Во Конгресот има правила кои треба да се почитуваат.“

Тоа малку ги интересира демократските пратеници во моментов. Тие продолжуваат да седат. Колку долго ќе трае штрајкот со седење е нејасно. Некои демократи најавија дека Sit-In би можел да трае со денови. Тие постојано извикуваат: нема закон, нема пауза.