1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Историски приватен лет кон вселената

Капсулата „Драгон“ на приватната компанија SpaceX стигна до крајното одредиште во вселената. Првото, историско патување на една приватна транспортна капсула кон Меѓународната вселенска станица отвора нови перспективи.

Ова лансирање треба да означи нова ера во патувањето кон вселената. Тоа е прв комерцијален лет за снабдување на меѓународната вселенска станица. Ракетата ја разви приватната компанија SpaceX. Исто така и транспортната капсула „Драгон“. По тридневно патување, капсулата пристигна до вселенската станица. Вчера беа завршени летачките и тест маневрите, а до вечерва капсулата треба да се спои со станицата преку канадската „роботска рака“.

Капсулата вчера пријде на 1,6 километри од вселенската станица, во рамки на генералната проба, а денеска веќе почна процедурата за спојување.

На пробниот лет со капсулата се пренесуваат околу 500 килограми товар - животни намирници и облека за астронаутите, како и опрема.

На враќање кон Земјата со капсулата треба да пристигне и дел од багажот. Доколку се оди според планот, „Драгон“ капсулите уште годинава би можеле да почнат со редовни транспортни летови. Првиот е еден од 12-те планирани летови, за кои приватната компанија ќе добие вкупно една и пол милијарда долари. Уште сега во компанијата размислуваат и за можноста да превезуваат и патници кон вселенската станица.