1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Историски поздрав на Обама и Кастро

Американскиот претседател Барак Обама се поздрави со кубанскиот лидер Раул Кастро и со бразилската претседателка Дилма Русеф на комеморацијата за Нелсон Мандела во Јоханесбург.

Претседателот на САД Барак Обама денеска (10.12.2013) на комеморацијата за Нелсон Мандела во Јоханесбург се ракуваше со својот кубански колега Раул Кастро. Тоа е гест без преседан меѓу лидерите на двете земји, кои се во конфликт веќе половина век. Кастро му се насмевна на Обама кога се ракуваше со него, додека овој одеше кон подиумот за да одржи говор на комеморативната церемонија за поранешниот јужноафрикански претседател.

Американскиот претседател се ракуваше и со бразилската колешка Дилма Русеф, која остро го нападна за шпионирањето на американската Агенција за национална безбедност.