1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Историски подвиг на Мајкл Фелпс

Американскиот пливач го освои рекордниот, 19. медал на Олимписките игри. 16-годишната Кинеска, Је продолжува да ниже победи. Рекорден тениски меч меѓу Цонга и Раониќ

Американскиот пливач Мајкл Фелпс од синоќа е најуспешниот спортист на Олимписките игри откако на пливачките натпревари освои два медала и со вкупно 19 ја мина на листата најдобри советската гимнастичарка Лариса Латинина. Фелпс медалите ги освои на три Олимписки игри во Атина 8 (6 златни и 2 бронзени), во Пекинг 8 (8 златни) и Лондон 3 (1 златен и 2 сребрени).

Тој како член на штафетата 4х200 метри слободно за својата репрезентација САД го освои првото злато на Игрите во Лондон. Во оваа дисциплина втори беа Французите, а трети Кинезите.

Фелпс без златен медал остана во „неговата дисциплина“ 200 метри пеперутка, откако по водството во целата трка на крајот во последните метри од него беше побрз Чад ле Клос од Јужна Африка, а бронзата ја освои Јапонецот Такеши Мацуда.

До вториот златен медал на Олимписките игри во Лондон „доплива“ 16-годишната Шивен Је од Кина која победи во дициплината 200 метри мешано

Olympia 2012 Entscheidungen Tag 1 Galerie

Је Шивен

со време на олимписки рекорд. Среброто го овои Алисија Коутс од Австралија, а бронзата Американецот Кејтлин Леверенц.

Олимписки рекорд постави и Алисон Шмит од САД во трката на 200 метри слободно за златен медал, додека среброто го освои Французинката Камили Муфат, а бронзата Бронте Барат од Австралија.

Жо-Вилфред Цонга и Милош Раониќ влегоа во аналите на Олимписките игри, откако го одиграа најдолгиот тениски меч во историјата. Маратонскиот меч помеѓу францускиот и канадскиот тенисер траеше три часа и 56 минути, а Цонга победи со 6:3, 3:6, 25:23.