1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Историски ниско ниво на невработеност во Германија

Германската економија и натаму останува движечки мотор, во ноември фирмите барале работна сила како ретко досега, невработеноста е на најниско ниво откога се водат податоци за целата земја.

Во ноември германските претпријатија имале побарувачка на работна сила како ретко досега, произлегува од објавените податоци на Сојузната агенција за труд. Преку Агенцијата биле пријавени 772.000 работни места, односно 91.000 повеќе отколку во претходната година.

Најмногу слободни работни места имало во трговијата и во индустријата, посебно во металската, електро и челичната бранша. Секое петто слободно работно место пријавено во Агенцијата, е во овие области. Силен пораст бележи и побарувачката за високо квалификувани услужни дејности во претпријатијата, како консултанти, рекламни агенции, архитекти, посредници за недвижнини и ИТ-стручњаци.

Infografik BTW 2017 Arbeitslosenquote Bundesländer 2016 DEU

Невработеноста во Германија во 2016. година по покраини

Во ноември во Германија без работа биле 2.368 милиони луѓе, со што стапката на невработеност е намалена за 0,1 и сега изнесува 5,3 проценти. Тоа е најниско ниво на невработеност за месец ноември од 1991. година, од кога првпат се сумираат заеднички бројки за источна и западна Германија, како што истакна денеска во Берлин претставник на Сојузната агенција за труд за Дојче веле. Причина е конјуктурниот бум: германското стопанство во оваа година ќе бележи растеж осма година по ред. Според прогнозата на ОЕЦД, растежот ќе продолжи и во 2018. и 2019. година. Во моментов владее оптимистичко расположение во фирмите, индексот за климата во стопанството, Ифо, достигна рекордно ниво, што е резултат на растечката потрошувачка, зголемениот извоз, експанзија во градежништвото и зголемени инвестиции.