1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Историски напредок

Директната билатерална средба меѓу САД и Северна Кореја за многумина е историски напредок во долгогодишниот атомски спор. ОН, со години се обидуваа да преговараат со Пјонгјанг за надминување на спорот околу нивната атомска програма. Долго време овие разговори не даваа никаков резултат. Сега конечно има придвижување. Во Њујорк се среќаваат претставници на Северна Кореја и на САД. Мартин Фриц за отстапките

Атомска постројка

Атомска постројка

на двете страни пред седнувањето на заедничка маса.

Воочи средбата и двете странигги зголемија напорите за да ја покажат подготвеноста на компромис. Северна Кореја минатиот петок на внатрекорејска министерска средба потврди дека ќе ги затвори атомските постројки и ќе го отвори пристапот до атомската програма. И САД најави значајни поместувања. Прво, се согласија на директни преговори - нешто што досега категорично го одбиваа. Второ, Вашингтон на крајот од минатата недела јасно нагласи дека ќе ги повлече економските санкции за Северна Кореа. Се работи за 24 милиони долари на 40 конта во Банката Делта Азија во кинескиот Макао, кои се замрзнати од 2005 година.

САД ја обвини Северна Кореа дека преку овие конта пере пари и врши илегални бизниси. Според најавите сега САД сакаат да ослободат половина од парите. Трето, владата на Буш за првпат јавно изрази сомнеж дека Северна Кореја има втора атомска програма. На големо изненадување, сега пред Конгресот, висок соработник на ЦИА изјави дека не се сосема убедени во тоа дека Северна Кореа покрај плутониум произведува и ураниум потребен за атомска бомба.

Овие нови сознанија ќе ги олеснат преговорите со Пјонгјанг.

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Мохамед ел Барадеи ја поздравува ваквата средба:

“Ова е првпат да видиме конкретен чекор кон промена на курсот и се надеваме дека ќе може да работиме заеднички како меѓународна заедница во денуклеаризација на корејскиот остров и кон наоѓање на целосно решение”.

Спорот меѓу САД и Северна Кореја во есента 2002 година го потпалија американските обвинувања дека Пјонгјанг тајно започнала со збогатување на ураниум. Како пример беше наведено дека Северна Кореја купила од Пакистан околу дваесетина центрифуги кои можеле да се искористат за изградба на фабрика за преработка на ураниум. Потоа во атомска постројка во Либија е пронајден течен ураниум хексафлуорид од Северна Кореа. Сега пак главниот американски преговарач Кристофер Хил потврди дека Северна Кореја купила центрифуги но не се знае како и колку се тие искористени.

Ваквото повлекување беше олеснување за Северна Кореја, да си ја обелодени атомската програма и збогатување на ураниум да го прикаже во поубаво светло без да добие казна за тоа. Помалку или повеќе со ова Вашингтон му сигнализираше на Пјонгјанг дека атомскиот бизнис нема да пропадне поради неизвесноста околу збогатувањето на ураниум.