1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Историски момент за Грците и за Турците

За првпат по 88 години православните христијани повторно одржаа литургија во историскиот манастир Сумела во Турција. Околу 500 верници учествуваа на богослужбата за празникот Успение на Пресвета Богородица.

default

Манастирот Сумела во Турција

„ По 88 години , Богородица престана да рони солзи“, изјави вселенскиот патријарх Вартоломеј Први за време на богослужбата во манастирот Сумела кај турскиот град Трабзон во северноисточна Турција. Околу 2500 верници од Грција, Русија и Грузија пристигнаа за да присуствуваат на литургијата, но место во манастирот имаше само за 500 лица.

Сумела манастирот кој се наоѓа во планините Зигана до 20-те години на минатиот век беше важно место за аџилак на православните христијани. По основањето на Турската република во 1923 година тој неколку години потоа беше пренаменет во музеј. Оттогаш па се’ до денеска таму не смееја да се одржуваат богослужби.

Затоа литургијата во 1600 години стариот манастир на денешен ден за околу 2000 православни христијани од Турција но и од други земји е голем настан.

Bartholomäus I.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј први

„Конечно по повеќе децении и по катастрофата од 1922 година, повторно се одржува света богослужба во манастирот Сумела. Ова е историски момент“, вели еден од аџиите кои денеска дојдоа кај манастирот. Друг пак надополнува:

„Дојдовме за она, што го должиме како генерации. Дојдовме на аџилак во манастирот Сумела. Оваа свечена литургија е историски момент за двете нации, за Грците и за Турците“.

Вартоломеј: Христијанските верници имаат добри намери

Патријархот Вартоломеј Први за време на денешната литургија и‘ се заблагодари на турската влада за дозволата за одржување на богослужбите. Тој го увери турското население дека собраните верници имаат добри намери. Турските националисти во изминатите денови протестираа против православната богослужба во манастирот. Тие ја обвинуваат владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган за предавство. Литургијата во Сумела го отвора патот за ново раѓање на византиското царство, гласат теориите на заговор.

Kloster Sumela

Инаку пред основањето на модерната турска држава во регионот околу Трабзон на Црното Море живееја околу 300 илјади Грци, но по договорот од Лозана за размена на населението меѓу Турција и Грција од 1922 година, тие мораа да ја напуштат или беа протерани од таму. Последната богослужба во манастирот Сумела се одржа во 1926 година. Актуелната турска влада со исламска ориентација се одлучи да повторно да дозволи одржување на богослужби во историскиот манастир како дел од чекорите за релаксирање на односите со немуслиманските малцинства. Министерството за култура во Анкара во мај му дозволи на грчкото православно малцинство во иднина секоја година да го прославува празникот на 15 август во манастирот.

Автор: СН/ЖА/дпа/ап/дв

Редактор: Жана Ацеска