1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Историски избори во Египет

Денеска во Египет се оддржуваат првите слободни избори во историјата на земјата. Истовремено тоа се првите парламентарни избори по падот на претседателот Хосни Мубарак во февруари годинава. Изборите ќе траат до јануари.

default

Во Египет од денеска почнува изборен маратон за избор на пратеници во Народното собрание и членови на Шурата (Консултативниот совет на земјата). До 11 јануари идната година во три циклуси ќе се избираат 498 членови на Народното собрание. Десет пратеници ќе бидат директно назначени од претседателот на Високиот воен совет, кој управува со Египет од падот на Хосни Мубарак, Хусеин Тантави.

Во првиот изборен циклус гласот ќе го дадат граѓаните на Каиро, Александрија и седум натамошни покраини. Во декември и во јануари изборите ќе се оддржат во 18 покраини. Изборите се сметаат за прв чекор кон ветената демократија во Египет, меѓутоа изборната кампања беше засенета од протестите против војската и од насилство врз демонстрантите.

Во Египет од 82 милиони жители право на глас имаат 40 милиони лица. Резултатите од гласањето треба да бидат познати на 13 јануари.

Автор: АТ/ дв/ миа

Редактор: Горан Чутаноски