1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Историски ден за Камбоџа

Во Камбоџа денеска започна првиот процес против еден припадник на водечката елита на „Црвените Кмери“, чијшто режим заврши пред 30 години. Жртвите стравуваа дека никогаш нема да дочекаат казни за злосторниците.

default

Затвор во Пном Пен во кој се мачени луѓето од страна на режимот на „Црвените Кмери“

30 години по крајот на злогласниот режим на „Црвените Кмери“ во Камбоџа и три години по екипирањето на Трибуналот, денеска започна првиот процес. Прв од поранешните водачи на „Црвените Кмери“ пред лицето на правдата одговара Каинг Гуек Еав, наречен Холанѓанец, поради злосторства против човештвото и воени злодела. 66 годишниот Еав порано беше шеф во познатиот затвор Тоул Сленг, каде беа вршени мачења. Другите обвинети се поранешниот државен шеф на режимот на Пол Пот, Киеу Самфан, екс министерот за надворешни работи Ленг Сари, неговата жена Ленг Тирит, која во тоа време беше министерка за социјални прашања и главниот идеолог Нуон Чеа.

Огромен број убиени

За време на режимот на „Црвените Кмери“ во Камбоџа меѓу 1975 и 1979 година според проценките беа убиени два милиона луѓе, околу една четвртина од тогашното население.

Хелен Јарвис, портпаролка Трибуналот, со години беше советник на камбоџанската влада за формирање на овој суд:

„Ова е историски момент за Камбоџа, по сите години подготовка. Очекуваме стотици луѓе на првиот процес, многумина го следат преку телевизијата.“

Речиси нема семејство во Камбоџа кое не страдало и не изгубило некого свој за време на режимот на стравот. Пол Пот, водачот на „Црвените Кмери“, почина во 1998 година. Другите обвинети се стари и болни. Дали некогаш ќе платат за своите недела, многумина се сомневаат.

Das Archivbild vom 12.12 1979 zeigt den früheren kambodschanischen Diktator und Rebellenführer der Roten Khmer, Pol Pot

Пол Пот, водач на „Црвените Кмери“

Премолчена историја

Ова црно поглавје од камбоџанската историја досега во наставата во училиштата не играше никаква улога. Дури минатата година владата дозволи дополнување, издадено од Документациониот центар во Пном Пен, невладина организација финансирана од САД. Јук Чанг, раководител на Центарот:

„Овој процес е важна лекција за камбоџанската младина, која не го доживеа лично времето на ’Црвените Кмери“. Ова е и јасна порака дека оној кој прави недело, добива казна, иако дури по 30 години.“

Траеше долго додека Трибуналот започна со работа, за тоа постојат повеќе причини. Некои од постојаните членки на Советот за безбедност на ОН во 80-те години немаа долго време интерес за ваков процес. Кина на пример не, зашто беше сојузник на шефот на „Црвените Кмери“, Пол Пот, а САД пак затоа што не сакаа да ја признаат Народна Република Виетнам како ослободител на камбоџанскиот народ, туку во Виетнам го гледаа фактичкото зло во Индокина. Виетнамските трупи го окончаа владеењето на „Црвените Кмери“ во 1979 година.

Но, и камбоџанската влада го одолговлекуваше формирањето на Трибуналот. Премиерот Хун Син, некогаш и самиот член на „Црвените Кмери“, во 1977 година попушти под притисокот на ОН. Во јуни 2003 година беше потпишан соодветниот договор. Три дена подоцна Трибуналот за првпат официјално се состана.