1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Историска средба во Белата куќа на Обама и Су Ќи

Американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа ја прими опозиционата политичарка од Мјанмар, Аунг Сан Су Ќи. Историската средба во Овалната соба беше окарактеризирана како приватна.

Претседателот Барак Обама, како што е соопштено од страна на американската администрација, изразил восхит за храброста на Аунг Сан Су Ќи и повторил дека САД ги поддржуваат напорите што таа и претседателот на Мјанмар, Теин Сеин, ги вложуваат за во земјата да бидат спроведени економски и политички реформи.

Пред средбата со Обама, носителката на Нобеловата награда за мир го доби највисокото признание на американскиот Конгрес за нејзината мирна борба против воената хунта во таковината. Златниот почесен медал на Аунг Са Су Ќи и‘ беше доделен уште во 2008. година, кога таа се наоѓаше во домашен притвор во Мјанмар. 67-годишната Су Ќи во Вашингтон изјави дека е тоа еден од највозбудливите денови во нејзиниот живот.

Инаку, Златен медал досега, меѓу останатите, имаат добиено и Џорџ Вашингтон, Роналд Реган, Томас Едисон, Нелсон Мандела и папата Јован Павле Втори.