1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Историска промена на власта во САД

Барак Обама е новиот американски претседател. Откако положи заклетва, претседателот одржа говор во кој им порача на своите сограѓани дека само заеднички можат да се надминат проблемите. Церемонијата беше спектaкуларна.

default

Барак Обама, претседател на САД

Денеска (20.01.2009), пред Врховниот судија на САД, Барак Обама поднесе заклетва и стана новиот американски претседател. Обама потоа го одржа првиот говор како претседател на САД и притоа истакна дека ја презема функцијата во тешки времиња и само доколку сите сограѓани соработуваат, промената е можна, рече претседателот.

Obama Amtseinführung mit George und Laura Bush und Michelle Obama

Пред инаугурацијата во посета на досегашниот претседател Буш

Економските проблеми нема да можат да се решат за кратко време подвлече претседателот Обама и дополни: „Но, Америко, би требало да знаеш, и’ тие ќе бидат надминати“. Обама ги повика своите сограѓани да им пристапат на новите предизвици со старите вредности „работа и чесност, храброст и фер плеј, толеранција и љубопитност, лојалност и патриoтизам“. Овие вредности, според претседателот се „тивката сила за напредок во нашата заедничка историја“, рече Обама во говорот пред американскиот народ.

На остатокот на светот, Обама му вети нова Америка, која ќе ги сослуша сите. На исламскиот свет му порача дека ќе се залага да се воспостават нови односи во духот на взаемните интереси и почитување. Новиот претседател истакна, дека ќе стори се’ да ја заштити Америка од терористички закани.

Текот на церемонијата

Американскиот претседател, Барак Обама, и неговиот заменик, Џо Бајден, денот го почнаа со богослужба во претседателската црква во близина на Белата куќа. Потоа двајцата политичари го посетија досегашниот претседател, Џорџ Буш, во Белата куќа, каде Обама и Бајден заедно со нивните сопруги беа пречекани на традиционален појадок.

Пред Капитолот во Вашингтон, вицепретседателот на САД, Џо Бајден поднесе заклетва. Барак Обама, потоа ја презема функцијата претседател на САД со поднесување заклетва, пропишана со американскиот устав. Заклетвата ја поднесе пред Врховниот судија, Џон Робертс, и ја положи раката врз Библијата, пред која се заколнал и Абрaхам Линколн, кога ја преземал функцијата претседател на САД. „Свечено се колнам дека верно ќе ја извршувам должноста претседател на Соединетите Држави, и најдобро што можам ќе го чувам, штитам и бранам Уставот на Соединетите Американски Држави“. рече Обама.

Церемонијата пред западното крило на Капитолот во Вашингтон ја следеа околу два милиона граѓани, покрај студеното време и температури под нулата. Многумина од нив уште во текот на ноќта се упатија кон местото, каде Обама ја презема претседателската функција за да можат да обезбедат подобро место.

Барак Обама е 44-тиот претседател на САД и првиот афро-американец, кој ја извршува оваа функција. 47. годишниот политичар од редовите на Демократската партија функцијата ја презема од Републиканецот Џорџ Буш.

Тешко наследство

Џорџ Буш на својот наследник во Белата куќа му остава тешко наследство. САД во моментов се наоѓа во најтешката економска криза во последните децении. Десетици илјади американски војници се борат во Ирак и Авганистан. Според американските медиуми, Обама најверојатно уште оваа седмица ќе оствари средба со командантите на американската војска и советниците за безбедност.

На листата на приоритетите, на новиот претседател се наоѓа економската криза, но на своите сограѓни уште изминативе денови тој им порача дека не може да се надеваат дека кризата брзо ќе биде надмината.

DW.COM