1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Историска посета

По повеќе од дваесет години во Русија доаѓа либискиот претседател Моамер Ел Гадафи. Ова се смета за врв во развојот на билатералните односи, кои се интензивираа во последниве месеци.

default

Владимир Путин во април го посети Моамер Ел Гадафи

Оваа важна државна посета сакаше да ја организира уште поранешниот руски претседател Владимир Путин. Три недели пред да му ја предаде фунцијата на наследникот Дмитриј Медведев, Путин беше во посета на Либија. Како „подарок“ ја однесе одлуката на Москва за отпишување на либиските долгови од над три милиони евра. За возврат Либија потпиша спогодба за купување на оружје од Русија како и за учество на Газпром во енергетски проекти. Исто така Русија во оваа земја треба да гради и важна железничка линија.

Gazprom Hauptquartier in Moskau

Газпром сака да го прошири бизнисот во Либија

„Задоволни сме со решението за отпишување на долговите. Уверен сум дека резултатот од ова е добар и за руското и за либиското стопанство, но и за народите во двете земји. Благодарен сум му на либискиот револуционерен лидер за пријателскиот прием,“ рече Путин во април по завршувањето на посетата.

Конатките интензивирани по посетата на Путин

Во август, либискиот премиер Багдади Махмуди дојде во посета на Москва. Со себе донесе и руски менаџер од компанијата Лукоил, кој беше во затвор во Либија под обвинение за индустриска шпионажа. Со ова Триполи сакаше да покаже колку му се важни добри односи со Москва. Сега првата посета на либискиот претседател Гадафи на Москва, по 20 години се смета за врв во развојот на билатералните односи. Можно е во следните денови да стапат на сила спогодбите кои беа договорени во април, како и да се потпишат договорите за купување на руски борбени хеликоптери Сухои, тенкови и ракети. Либија е на четврто место по резерви на гас во Африка, поради што Русија сака потесна соработка и во областа на енергетиката. Газпром радо би сакал либиски гас и нафта, како и да изгради нафовод од северна Африка кон Европа. Либија, пак со руска помош сака да изгради и атомска централа.