1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Историска посета на Тадиќ на БиХ?

Претседателот на Србија Борис Тадиќ денеска пристигнува во прва официјална посета на Босна и Херцеговина. Властите во Сараево очекуваат напредок по сите отворени прашања, што ќе има придонес и за регионалната соработка.

Serbian President Boris Tadic pauses before speaking during a media conference at the EU Council building in Brussels, Monday, June 6, 2011. Serbia's president Boris Tadic said it's time the European Union did its part by boosting his nation's efforts to join the bloc, arguing the arrest of war crimes suspect Ratko Mladic proves it is serious about rejoining the international fold. (AP Photo/Virginia Mayo)

Ќе донесе ли пресврт во односите меѓу Србија и БиХ? Српскиот претседател Борис Тадиќ

Амбасадорот на БиХ во Белград, Борис Арнаут вели дека ова ќе биде добра можност да се разговара и за темите кои ги оптоваруваат односите меѓу двете земји.

„Ова е значајна посета и сметам дека таа ќе донесе напредок во односите меѓу БиХ и Србија. Дотолку повеќе што некои работи веќе се надминати со потпишувањето на договорот. Како нерешени остануваат уште прашањата за границите, исчезнатите лица и потерниците за државјани на БиХ во Србија“.

Борис Тадиќ во последните неколку години повеќепати беше во посета на БиХ. Почесто во Република Српска, отколку во Федерацијата.

epa02769252 Herman Van Rompuy (R), President of the European Council, welcomes the Serbian President, BorisTadic (L), prior to a meeting at the EU council headquarters in Brussels, Belgium, 06 June 2011. EPA/OLIVIER HOSLET +++(c) dpa - Bildfunk+++

Србија има засилени аспирации кон ЕУ: Тадиќ со претседателот на ЕУ, Ван Ромпој

Причините беа различни, како и улогата во која доаѓаше - како претседател на Демократската партија или сега како претседател на државата.

Чувствителни теми

Претседателот на Социјалдемократската Унија, Жарко Кораќ оценува дека Тадиќ го очекуваат одговори на тешки прашања, како на пример за тоа како Србија може да влијае врз Република Српска да престане со опструирање на формирањето на власта во БиХ.

„Тадиќ доаѓа во еден доста тежок момент за БиХ, но и во битен момент за Србија во кој од Белград се очекува да ја покаже својата европска определба во односите со соседите. Може да се каже дека Тадиќ доаѓа во Сараево во момент кога таа посета повеќе не можеше да се одложува. Од друга страна безрезервната поддршка која Тадиќ му ја дава на Додик го доведува во прашање вистинскиот однос на Србија кон БиХ“.

ARCHIV - Serben-Führer Milorad Dodik, aufgenommen am 21.02.2009 in Mostar. Die bosnischen Serben wollen sich von der internationalen Gemeinschaft nichts sagen lassen. «Die Entscheidungen des internationalen Bosnien-Beauftragten «haben für uns keinerlei Bedeutung», zitierten die Medien am Donnerstag (06.01.2011) den Präsidenten der bosnischen Serben, Milorad Dodik, in Sarajevo. Foto: FEHIM DEMIR (zu dpa 04198 vom 06.01.2011) +++(c) dpa - Bildfunk+++

Останува ли безрезервната поддршка од Белград? Претседателот на Република Српска, Милорад Додик

Двоен аршин

Тадиќ постојано истакнува дека Србија го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ, но од друга страна, постојано му дава отворена поддршка на Милорад Додик кој ги спори токму тие факти и ги негира злосторствата од војната. Затоа, вели политичката аналитичарка Светлана Цениќ, оваа посета нема да значи многу за промена на ставот на јавноста во РС во однос на БиХ и Србија.

„На Република Српска постојано и’ се испраќа порака од Белград дека се ќе биде во ред, се’ додека земјата се држи до Србија. Никако да се испрати јасна порака за раководството на Република Српска да сфати каде им е главниот град и во која држава се наоаѓаат“, вели Цениќ.

Српскиот претседател доаѓа во Сараево истиот ден кога во Белград треба да започне повторното судење на Илија Јуришиќ, кој српското обвинителство го гони за напад врз колона на ЈНА во мај 1992 година. Случајот Јуришиќ е еден од четирите заостанати од војната кои сериозно ги нарушуваат односите меѓу Белград и Сараево. Затоа, велат соговорниците на Дојче Веле, нужно е да се покаже искреност во искажаните ставови во односите меѓу двете земји.

Автор: Жарка Радоја/Борис Георгиевски

Редактор: Горан Чутаноски