1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Историска победа за ново поглавје во светските односи

Изборот на Барак Обама за иден Претседател на САД предизвика позитивни меѓународни реакции. Европа во него гледа нов партнер. На Блискиот исток надеж и очекување за позитивни промени.

default

Задоволство во Берлин, Канцеларката Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел му честиташе на Барак Обама за победата на изборите и му вети дека идната соработка помеѓу Германија и САД ќе почива врз взаемна доверба. Таа го повика Обама што е можно поскоро повторно да ја посети Германија. Меркел смета дека разговорите кои започнаа летоска треба наскоро да продолжат. Таа изрази надеж дека длабокото пријателство и партнерство, кое постои помеѓу двете земји ќе биде основа за решавање на идните проблеми.

Претседателот на државата Хорст Келер смета дека изборот на Обама е голема шанса за зголемување на довербата во германско-американските односи. Изборот, според него, е позитивен не само за САД и за Германија, туку и за целиот свет.

Промени за нов договор

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо зборува за пресвртна точка за САД, но можеби и за целиот свет. Европа се надева дека со претседателот Обама ќе постигне амбициозна агенда за глобално надминување на финансиската криза. „Ова е период за обнова на довербата помеѓу САД и Европа„ рече Барозо.

Рускиот претседател Дмитири Медведев, кој

Russland Präsident Dimitri Medwedew Rede zur Nation in Moskau

Дмитри Медведев

денеска за прв пат одржа говор пред својата нација, верува дека изборот на Обама ќе придонесе за конструктивни односи помеѓу двете земји. Медведев нагласи дека Русите немаат проблеми со американскиот народ, ниту каква било вродена омраза кон Америка. Тој се надева дека новиот партнер и новата администрација на САД ќе се определат за плодни односи со Русија.

Надеж на Блискиот исток

Историската победа на Барак Обама предизвика огромно славје во Кенија, неговата родна земја. Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи истакна дека самиот чин што во САД е избран претседател со црна боја на кожата дава надеж дека таквите вредности во иднина ќе се прошират низ светот. Кинескиот Претседател Ху Џинтао, пак, очекува засилување на дијалогот и довербата меѓу двете земји.

Палестинскиот Претседател Махмуд Абас се надева на мир на Блискиот исток. Промени во политиката на САД кон овој регион очекува и Сирија. Позитивни се реакциите и од Техеран, каде смената во Белата Куќа се гледа како тест и можност за промени. Официјален Багдад е подготвен за блиска соработка и се надева дека изборот на новиот Претседател на САД нема да резултира со брзо повлекување на американските сили од Ирак.

DW.COM