1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Историска мисија„ на германска морнарица во Либан

Денеска од северното германско пристаниште Вилхелмсхавен ќе тргнат првите бродови што во рамките на меѓународната мировна мисија УНИФИЛ ќе патролираат во територијалните води на Либан.

Министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг

Министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг

Осумте брода со околу 1.000 морнари денеска на пладне свечено ќе ги испрати министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг. И тој како и канцеларката Ангела Меркел ја означи мисијата на Бундесверот во Либан како „историска„.

Во интервјуто за ТВ програмата на ДВ, министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг појасни:

„Станува збор за придонес за обезбедувањето на мирот на Блискиот исток, но исто така и за обезбедување на правото на Израел на постоење, на суверенитетот на Либан, како и разрешување на конфликтот меѓу Израел и Палестина. Предуслов за сето тоа е оружјето да молчи и налогот на Бундесверот е токму во тоа. При тоа е важно што со оглед на историјата 72% од израелското население му дава поддршка на нашиот ангажман и тоа покажува колкава промена се случила. Во тој смисол овој ангажман на Бундесверот може да се оцени како историски!„

Јунг појаснува дека е тоа и главната причина зошто актуелната влада на Ангела Меркел се откажала од досегашниот темелен принцип германски војници да не се упатуваат на Блискиот исток.