1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Историска мисија на Бундесверот во Либан

Владата одлучи - во мировната мисија на Обединатите нации во Либан Германија ќе испарати најмногу до 2.400 војници. Мандатот ќе трае до август идната година, а ќе чини околу 200 милиони евра. Ова, по консултациите со партиските фракции, го утврди германскиот кабинет за што во Берлин учеството го аргументираше првата гарнитура одговорна за надворешната и безбедносната политика: канцеларката Ангела Меркел, шефо

На Германија и е дадена довербата, но одлуката за мисијата не беше лесна : Меркел, Штајнмајер, Јунг

На Германија и е дадена довербата, но одлуката за мисијата не беше лесна : Меркел, Штајнмајер, Јунг

т на дипломатијата Франк Валтер Штајнмаер и министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг

"

Внимателна сум со големи зборови, но оваа задача не е како другите.Темата Блиски Исток и задачите на Бундесверот во овој регион имаат историска димензија. Заради тоа, одлуката не беше лесна. Со мандатот во територијалните води на Либан, Германија не е повеќе набљудувач туку делотворен фактор на кој му е дадена доверба”- изјави канцеларката Ангела Меркел потсеувајќи дека Германија има посебна одговорност како за егзистенцијата на Израел, така и за мирот во целиот регион. Ефективноста и можноста за соработка се двата столба кои ја детерминираа одлуката на Владата да се вклучи во операцијата на Обединетите нации во Либан, со кој треба да се врати стабилноста и мирот на Блискиот Исток. Мисијата на Бундесверот ќе трае до 31 август 2007 за кој министерот Франц Јозеф Јунг истаклна дека станува збор за робусен, но не офанзивен мандат. Задачи се водството на МАРИТИМ операцијата, контрола на водите и морскиот сообраќајот, проверка на сомнителните бродови со цел да се спречи шверцот на оружје, воздушен транспорт, хуманитарна и техничка помош, воено советување, образование на либанските воени сили...Задачите ќе бидат извршени заедно со холандските, норвешките, данските и шведските војници. Предвидено е германската мисија да има максимуим да има 2.400 војници, а ќе чини околу 200 милиони евра. Во безбедноста на морето ќе бидат вклучени 1.500 војници од германската морнарица и тоа со 3 фрегати, 2 брода за згрижување со центрио за спасување, 4 брзи брода, а тука ќе бидат и уште 900 војници задолжени за воздушен транспорт, водство и логистика, советување и планирање. Министерот Јунг изрази надежта дека наредната недела и Бундестагот ќе даде позитивно мислење за мисијата. Инаку партиите на Унијата, Социјалдемократите и Зелените уште денеска претпладне дадоа поддршка на владиниот предлог. Либералите останаа против поради нерасчистените поединости, а против е и фракцијата на левите која како основен аргумент ја истакнува историјата, па се смета дека Германија нема да биде неутрална во конфликтот меѓу Хезболах и Израел.

“Повикувам аргументите од историски карактер да не се превртуваат и да не се злоупотребуваат” апелираше и шефот на дипломатијата Франк Валтер Штајнмаер подвлекувајќи дека конфликтот е пред вратите на Европа поради што и Европа и Гермнанија имаат интерес за стабичлност и мир на целиот Блиски Исток.

Поврзана содржина