1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Историска американско иранска средба

САД и Иран денеска водат билатерални разговори, први по 27 години. Средбата на американскиот и иранскиот амбасадор во Ирак, Крокер и Каземи се одржува во палатата на ирачкиот премиер Нури Ал Малики. Според американски извори единствена тема на разговорите е ситуацијата во Ирак. Амбасадорот Крокер побарал од иранскиот колега неговата земја да запре со финансиската помош и снабдувањето со оружје на шиитските бунтовници во Ирак. На дневен ред не се спорните иранско американски теми. На средбата сепа се гледа како на крупна промена во американската политика. Претседателот Џорџ Буш досега одбиваше официјална директна комуникација со Техеран.