1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Исти приоритети на големите сили

САД и Русија најавија „нов почеток“ во меѓусебните односи. Слична порака, за подобрување на односите меѓу ЕУ и САД, беше испратена и од Брисел. Хилари Клинтон денес во Анкара ги продолжува средбите со своите колеги.

default

Клинтон и Лавров во Женева

На почетокот на нивната прва средба Хилари Клинтон му предаде на нејзиниот руски колега Сергеј Лавров големо црвено копче на кое пишуваше „Преоптовареност“. Симболика, во контекст на поранешна изјава на американскиот вицепретседател Џо Бајден, дека Америка во односите со Русија мора да го активира копчето за враќање наназад. Сергеј Лавров го прифати подарокот и истакна дека е многу задоволен со текот на средбата. Новиот почеток синоќа во Женева се чини дека беше успешен. Министрите по средбата изјавија дека поставиле солидни основи за натамошната соработка меѓу двете земји.

US Außenministerin Clinton zu Besuch in Brüssel

Клинтон во Брисел

Хилари Клинтон:„Нашите земји имаат заеднички интерес во одредени области да соработуваме конструктивно. Од ограничувањата во вооружувањето и неширењето на атомското оружје, преку борбата против пиратите и против дрогата, па се’ до Авганистан, Иран и Северна Кореја. Разговравме за конкретни теми за кои треба да соработуваме. Немаме време за губење и веднаш мора да почнеме да работиме за зборовите да се претворат во дела.“

Согласност за соработка за нуклеарно разоружување

Во Женева не беа донесени конкретни одлуки, но двајцата министри за надворешни работи ги разгледаа полињата каде е можна соработка. Владите на Русија и на САД се залагаат заеднички да се продолжи со нуклеарното разоружување. Двете земји се одлучни одново да преговараат за Договорот за ограничување на стратешкото нуклеарно оружје, така наречениот „Старт“ договор.

Договорот истакува на крајот на годинава: „Пред нас стои уште многу работа. Сметаме дека ова е нов почеток не само да се подобрат нашите билатерални односи, туку и светот да се води во важни области особено кога станува збор за нуклеарното вооружување и безбедност. Длабоко сум уверена дека подобрените односи меѓу нашите две земји ќе бидат општо добро и ќе ни помогне да осигураме просперитет, во помирна и побезбедна иднина.“ истакна Клинтон.

Различни ставови за Грузија и Косово

Во однос на Авганистан и Иран и двете влади изразија подготвеност за соработка, сепак се’ уште се далеку од заедничка стратегија. Во однос на независноста на Косово и грузиското прашање, ставовите на двете големи сили се сосем спротивни.

Хилари Клинтон и Сергеј Лавров, на средбата во Женева ги изнесоа различни ставови за Косово. Клинтон по состанокот пред новинарите рече дека на раководството на Косово му ја честита првата година од независноста и дека САД ќе продолжат да го поддржуваат Косово. Од друга страна Лавров истакна дека со независноста на Косово се крши резолуцијата 1244 на ОН од 1999 година и изрази надеж дека ситуацијата на Балканот може да се стабилизира, пренесува кинеската агенција Синхуа.

Наредните месеци се очекува интензивирање на руско - американските разговори. Како следен важен термин е планираната средба на претседателите Барак Обама и Дмитриј Медведев, на маргините на економскиот самит во Лондон на почетокот на април.

Клинтон во Брисел и Анкара

Symbolbild - Clinton und Lawrow

Многу отоворени прашања - слични и различни ставови

Слични пораки на помирување и зајакнување на меѓусебната доверба, Клинтон испрати и на средбите со европските партнери во Брисел. Силна Европа е силен парнер за Соединетите држави истакна американската министерка. Денеска, Хилари Клинтон е во официјална посета на Анкара. Предвидени се средби со претседателот Абдула Ѓул, премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоан и министерот за надворешни работи Али Бабаџан. Централни теми на разговорите се очекува да бидат плановите за повлекување на САД од Ирак како и Блискоисточниот конфликт.