1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Истече уште еден ултиматум во заложничката драма во Авганистан

*

По истекот на последниот ултиматум нема информации за судбината на 21 јужнокорејски државјани кои се заложници на талибанските екстремисти во Авганистан. Тие се заканија дека ќе продолжат со нивното ликвидирање доколку до 7 часот и 30 минути утрината не бидат ослободени нивните соборци од затворите. Грабнувачите досега убија двајца заложници. Семејствата на киднапираните Јужнокорејци во меѓувреме побараа од САД активна помош за изнаоѓање решение на заложничката драма

Инаку арапската телевизиска станица Ал Џезира емитуваше видео запис на кој германскиот инженер, кој исто така е заложник на талибанците во земјата испраќа апел до Берлин и Вашингтон да ги повлечат трупите од Авганистан.