1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Истече ултиматумот за заложниците

*

По истекот на последниот ултиматум нема информации за судбината на 21 јужнокорејски државјани кои се заложници на талибанските екстремисти во Авганистан. Тие се заканија дека ќе продолжат со нивното ликвидирање доколку до 7 часот и 30 минути утрово не бидат ослободени нивните соборци од затворите. Грабнувачите досега убија двајца заложници. Според последните информации, две жени од заложниците биле во лоша здравствена состојба. Во меѓувреме арапската телевизиска станица Ал Џезира емитуваше видео запис на кој германскиот инженер, кој исто така е заложник на талибанците во земјата испраќа апел до Берлин и Вашингтон да ги повлечат трупите од Авганистан.