1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Истече радиоактивна вода од Фукушима

Серијата дефекти во јапонскиот реактор Фукушима, каде повеќе пати имаше инциденти, не прекинува. Од еден резервоар повторно истекла радиоактивна вода. Дали е предизвикано ново загадување на околината?

Речиси 120 тони радиоактивна вода истекоа од подземните резервоари на оштетената јапонска нуклеарна централа Фукушима, објави компанијата што управува со централата, Teпкo.

Компанијата се‘ уште не ги откри причините за истекување на радиоактивната вода. Но, се претпоставува дека причина е техничкиот заштитен механизам. Уште во март цели 30 часа од системот испаднаа четири резревоари за ладење, откако глушец предизвикал спој во апаратот за вклучување.

Истекувањето на водата е откриено во еден од седумте резервоари за складирање на вода со која се ладат нуклеарни реактори. Радијација била измерена во водата акумулирана меѓу дното околу танкерот и надворешниот слој на непропусната преграда на дното на резервоарот, изјави портпаролот на Teпкo. Подземниот танкер содржи три слоја за спречување на прелевање на водата.

Резервоарот со димензии 60 x 53 метри, длабок шест метри, се наоѓа на 800 метри од океанот и Teпкo смета дека е многу мала веројатноста радиоактивната вода да истече во морето.

Компанијата денеска утрото (06.04) започна да испумпува 13.000 кубици вода, кои останале во танкерот, за да ги префрли во други танкери.

Раководството на Тепко тврди - потребни се дури две недели за да дојде до прегревање на атомските прачки без функционирачко ладење.

Атомската централа Фукушима беше тешко оштетена како последица на силен земјотрес и од него предизвикан цунами на 11 март 2011 година. Во повеќе реактори тогаш дојде до топење на радиоактивното јадро. Тоа беше најтешката атомска несреќа по онаа во Чернобил во 1986 година. Во меѓувреме, ситуацијата во Фукушима важи за стабилизирана, но исклучително подложна на дефекти.