1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Истекува ултиматумот за двајцата германски заложници

Германската влада и натаму ги отфрла барањата на грабнувачите на двајцата германски државјани во Ирак. Германија нема да дозволи да биде уценувана –изјави државниот секретар во министерството за надворешни работи Гернот Ерлер. Грабнувачите на почетокот од месецов и поставија на германската влада 10 дневен рок да ги повлече своите војници во Авганистан во замена за ослободување на грабнатите Германци. Доколку владата не го исполни ултиматумот кој истекува денеска , гкиднаперите се заканија дека ќе ги убијат заложниците.