1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Истекува законскиот рок за пријавување кандидати за изборите

Денеска на полноќ завршува рокот за поднесување листи за кандидати за градоначалници и за членови на општинските совети за локалните избори кои треба се одржат на 24 март. Комисијата за лустрација утре ќе работи цел ден.

default

Локалните избори е планирано да се одржат на 24 март

За да може да ја исполни својата законска обврска за проверка на кандидатските листи за градоначалници и советници, Комисијата за верификација на фактите во недела ќе работи цел ден и ќе ги прифаќа листите од општинските изборни комисии до 24 часот. Крајниот рок за доставување на изборните листи до Државната изборна комисија истекува во сабота на полноќ.

Сепак, постои можност овој рок да биде пролонгиран, доколку партиите од владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ постигнат договор со опозицискиот Сојуз за иднината предводен од СДСМ за одложување за неколку дена на доставувањето на кандидатските листи.

Претходно во петокот лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски како услов опозицијата да учествува на изборите и за надминување на политичката криза во земјата побара одложување на мартовските локални избори за еден месец, во април, а доколку опозицијата освои еден глас повеќе да се одржат предвремени парламентарни избори во септември годинава.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, остана на ставот дека нема можност за каков и да е договор со СДСМ во кој се споменуваат предвремени избори, но сепак остави можност да се пролонгира рокот за доставување на советничките и градоначалничките листи за три до четири дена, а сепак, рокот за одржување на локалните избори да остане ист.

Инаку, врз основа на член 15 став 3 од Изборниот законик, роковите за спроведување на изборните дејствија од ставот (2) со роковниот ги утврдува Државната изборна комисија (ДИК). Листите на кандидати за членови на советот и листата на кандидат за градоначалник на општината, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до Општинските изборни комисии, додека листите за кандидатите за советници и за градоначалник на Скопје се доставуваат до Изборната комисија на Градот Скопје.

На изборите, според досегашните пријави, ќе учествуваат 29 независни кандидати, а потписи беа собрани за 95 независни советнички листи.