1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Истанбул на зрно кафе

Хасан Кале ја интерпретира минијатурната уметноста на модерен начин - наместо платно тој користи невообичаени предмети. На објекти, кои се толку мали колку семка од лубеница, тој слика панорами од родниот Истанбул.

Кулата Галата среде населбата Бејоглу во Истанбул - насликана на една тестенина.

Златниот Рог на Босфорот - насликан на еден притискач.

Фосфорот на едно ќибритче, а на него насликана Кулата Киз.

NO FLASH Galaturm Istanbul

Кулата Галата

На турскиот уметник Хасан Кале се чини ниту еден објект не му е премал. „Тоа се работи од секојдневието, кои се забораваат, на кои не им обрнуваме внимание. Со мојата уметност сакам да нагласам колку може да бидат убави овие објекти. Свесно барам тешки предмети, притоа не е толку важно колку се тие мали или дали добро прифаќаат боја. Важно е да може да бидат заживеани и на набљудувачот да му причинуваат задоволство“.

Хасан Кале најрадо го слика неговиот роден град Истанбул - како овде на коцка шеќер. Мотивите наликуваат еден на друг, но како платно му служи речиси сѐ.

„Истанбул оддава многу мистична слика за себе. Тоа е град кој никогаш не спие. Со секоја мината минута овде може да се доживее нешто друго. На оној кому Истанбул му е драг, неизмерно го сака градот. Можете овде да живеете со столетија, но никогаш нема да можете навистина да го запознаете градот.“

За да се инспирира Хасан Кале радо оти таму каде се судираат модерната и традицијата на Инстанбул: Мостот Галата, меѓу тренд населбата Бејоглу и населбата Фатих. Кулата од спротива е мотивот кој уметниците најмногу го сликаат.

„Кулата Галата е еден дел од мене. Ја гледам секој ден на пат кон работа. Кога наоѓам време, речиси секој втор ден, одам до кулата, таму пијам кафе. Толку многу се врежа во моите спомени, таа е како дел од мене“.

Уметност на половина санитиметар

Istanbul Hagia Sophia Kirche Moschee Museum

Црква, џамија и музеј - Аја Софија

Пред сѐ стариот Истанбул е тој кому Хасан Кале сака да му подигне споменик. Аја Софија во историската населба Фатих е еден од тие споменици. Првично таа беше подигната како црква, подоцна стана џамија, денес е музеј.

„Не може да се опише со зборови, овој објект спојува различни култури и религии. Тој е стар повеќе од 1.500 години и денес е една од најпосетуваните знаменитости на градот. Со тоа што сликам мотиви како овој сакам да им ја приближам на луѓето убавината на Истанбул“, подвлекува уметникот.

Оваа убавина Хасан Кале ја слика дома по сеќавање. Само затоа што го држи воздухот може да ја држи и раката мирна. На едно дело работи и до три дена, само еден единствен погрешен потег и целата работа за ништо. Резултатот на крајот чини околу 4.000 евра. Аја Софија на едно зрно, големо половина сантиметар.

„Кога еден посетител на Истанбул на моите слики, иако се толку мали може да ја препознае палатата Топкапи, Кулата Киз, Аја Софија или Кулата Галата за мене тоа е убаво. Затоа за мене е тешко на сликам некој друг град“, вели Кале.

Други градови Хасан Кале секако не слика. Слика меѓутоа други мотиив. На пример основачот на модерна Турција Кемал Ататурк, на едно зрно ориз.Но, најдраги му се сцените од неговиот роден град: сеедно дали тоа ќе биде и на семка од лубеница, нли на зрно кафе.